Еве го моето комплетно искуство, со Б-Воч:
Го видов попустот, си одбрав саат, се јавив - го резервирав, пошто фати викенд, уплатив во саботата, во понеделникот ја евидентираа уплатата, и го испратија, а го добив во вторникот, во 10h.
Сите беа услужливи, иако им досаѓав, многу. По 2-3 пораки дневно, по 2-3 пати се јавував.. Не осетив ни ароганција, ни нервоза, ни ништо.
Доставата им е бесплатна. За доставата, тој типот ми побара 130 денари, и си ги платив. Ми падна чудно, ама си викам - ај.
Онака ми текна, викам чекај да си прашам - им пишувам на ФБ, викам вака и вака - ми наплатија за доставата. Ми се извинија, рекоа дека е нивна грешка, да им пишам сметка да ми ги вратат 130-те денари.
И чудо - ми ги вратија, денес.
Моја оценка за односот - 9/10. Супер си се дечките.