Бев непријатно изненаден од B-Watch. Се понашаат како јаболка и круши да продаваат, а не часовници. Тоа што имаат попуст и цените се навистина ниски, при што имаат навистина голема заинтересираност, треба да ги натера да бидат попрофесионални и да си направат сами реклама со добрата работа. Зборувам конкретно за нивните продавници во Веро центар и Капитол и не зборувам само за односот кон мене, туку и кон останатите потенцијални купувачи со кои што бевме во исто време во продавницата.
Згора на се, речено им било да не прекројуваат часовници, бидејќи имале гужви и нема да можеле да постигнат со продажба, па чекај малце, како јас да го носам саатот, ако не ми е скроен по мерка за раката моја, или битно е да се купи саатот само, пари да им остаиш, па здравје после празниците помини да го средиме, а до тогаш стај си го дома и глеј си го.
Пошто не бев загреан по ниту еден саат од тие што беа на попуст, решив да купам за подарок, а тоа не значи дека тоа треба да го напраам набрзинка, па ако не и се допадне саатот, нека дојде со фисканлната нема проблем ќе го смениме. Не, не е поентата да иде одпосле сама да си бира саат, поентата е да го погодиш саатот и да ја изненадиш личноста.
Еден голем минус за B-Watch и нивната (не)организираност и можам слободно да кажам маалско понашање у "гужвиве", мислиш блек фрајдеј е па 100 луѓе имаа у продавница.