Автор Тема: Совет за часовник  (Прочитано 206344 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1125 на: 18 Октомври 2024, 10:53:08 am »

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1126 на: 18 Октомври 2024, 11:33:46 am »
Си купив: https://www.hronometar.mk/ssk001k1

Одличен саат, со здравје да се носи. Ќе те служи долги години, ова е шизички и безвременски дизајн :)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1127 на: 18 Октомври 2024, 12:36:19 pm »
Ми делува како многу пари за Сеико 5.

Пример моделов излгеда доста помодерно и го има скоро истиот механизам(само без ГМТ) за 40% пониска цена

https://www.hronometar.mk/srpg35k1
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1128 на: 18 Октомври 2024, 13:36:08 pm »
Исправна си е цената.

Различни материјали.

Моделов SRPG35K1 е т.н field watch. Во слободен превод нешто како воен саат од Прва, односно Втора светска војна.
Така што не е модереден туку скрос ретро.  ;D

Како и да е, ваков саат се купува со срце - со разум ако сакаш да купиш - се купува Casio. Нема подобро од квалитет/цена.



Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1129 на: 31 Октомври 2024, 14:41:17 pm »
Гледам сеико 5 ауоматик ама од што што читам не се со сафирно стакло и тоа најмногу ме плаши.

Во меѓувреме за сличен ценовен ранг се наоѓа Citizen Tsuyosa со сафирно стакло аутоматик е и доста интересни бои имаат. Некој има искуство со саатов?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1130 на: 01 Ноември 2024, 07:33:15 am »
Имаш Seiko со сафирно, само се над 30000 денари.
Hardlex е супер стакло, не е сафирно ама е добро и доста издржливо.

На крај на денот, има евтини AliExpress сафирни стакленца, секој саатчија може да ти го смени :)

Иначе и Citizen-от е супер саатче. Апсолутно добар избор.

Разлика е престиж.

Seiko ти е Lexus, Citizen е Toyota. 

Разгледај и Orient, особено Kamasu.;)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1131 на: 01 Ноември 2024, 08:28:24 am »
Јас последно кога истражував и разгледував шо тенеќе да си купам, во потесен круг останаа Seiko, Citizen и Tissot. Tissot со фенси механизам Swissmatic од Swatch (со едно штрафче, нема маш шо ќе го попрај, дирекно се заменува ако се расипи), отпадна нормално, а со Powermatic 80 ми беа над лимит (пристоен механизам).
Citizen ми се бендиса еден титаниумски EcoDrive, тој бренд се истакнува со тие, соларните играчки што траат. Мајка ми има еден од пред 20+ години, сеуште си функционира. Се полни на било каква светлина. Ептен ме бендиса титаниумскиот, арно ама сакав автоматик и на крајот си купив Seiko Samurai со Hardlex стакло. Ептен кул ми излгледа.

Не ми се доплаќаше уште 10 000 за Samurai со сафирно стакло со лупа (тогаш толку беше разликата, сега можеби е помалку).
 
Има многу интересни Seiko автоматици, добар избор има во Хронометар, а почнаа и My Time да ги продаваат.

Се имам изнаносено Casio со Hardlex стакла, никогаш ниедно не ми се скршило (внимателен сум претежно, не сум батал), најомилениот, дејли драјвер го кантам ваљда 9 години, пред некој месец заради невнимание му направив неколку видливи гребаници, ама не се скрше стаклото.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1132 на: 01 Ноември 2024, 09:44:35 am »
Дејли си имам и Касио со обично, минерално стакло шо се полира со паста за заби шо се вика, 20 години точно е, нема ниту една гребаница :)

Исто и еден Esprit и него маста му ја извадив, ниту едно гребаниче нема, а е минерално.

Имам и еден Swatch, не знам шо стакло е, најверојатно за виткање поклони, е тој партал е, иако внимавам доста со саатчиња, ама Swatch-от беше гној после 10 години носење. Обичен Swatch со батеријата од позади со штрафцигер да ја менуваш.

Така шо, стаклото е најмал проблем во целата приказна.

Гледај механизам.

Seiko ти е според мене најдобро нешто што можеш да си купиш, ако сакаш прецизност и издржливост.

Имам Seiko 6309 6002 (Pogue) од 1974 година.

Не губи минута после десет дена носење. Фасцинантна прецизност за саат што е 50 години.



Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1133 на: 01 Ноември 2024, 09:50:28 am »
Вчера цел ден се утепав гледање слики и ривјус на јутуб и на крај го пронајдов Citizen Promaster automatic и се заљубив. Го нарачав сабајлево со црн каиш.



https://citizenwatch.eu/en/p/ny0040-09ee/

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1134 на: 01 Ноември 2024, 10:41:04 am »
Мене од Citizen ова ми прави мерак

https://www.citizenwatch.com/us/en/collection/mens-atomic-timekeeping/


„Атомски“ часовници.

https://www.youtube.com/watch?v=AzNMUfqEc14

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1135 на: 01 Ноември 2024, 11:00:39 am »
Ден денес се каам шо не зедов Citizen Promaster Dive, титаниумскиот, во момент ко беше намален во B Watch на некои 14 илјади.

https://www.citizenwatch.com/us/en/product/BN0200-56E.html

Од друга страна, пред некои година дена се почастив Seiko 5 SRPD61K1, ми остана како daily, маста му ја вадам.

https://www.seikowatches.com/se-en/products/5sports/srpd61

Наредно се мислам да направам некоја DIY варијанта, знам дека на AliExpress за околу 120 до 150 евра се прајт комбинација со Seiko механизам и останати делчиња по желба. Само не дошло на ред.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1136 на: 01 Ноември 2024, 12:20:16 pm »
Каде има во скопје Orient еднас во беверли трговскиот начув али не можев да најдам, помеѓу Orient и Сеико кој се по добри на мисла сум подолго време за еден автоматик нешто вакво ми пага во очи https://www.hronometar.mk/ssk001k1

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1137 на: 01 Ноември 2024, 14:51:02 pm »
Ден денес се каам шо не зедов Citizen Promaster Dive, титаниумскиот, во момент ко беше намален во B Watch на некои 14 илјади.

https://www.citizenwatch.com/us/en/product/BN0200-56E.html

Од друга страна, пред некои година дена се почастив Seiko 5 SRPD61K1, ми остана како daily, маста му ја вадам.

https://www.seikowatches.com/se-en/products/5sports/srpd61

Наредно се мислам да направам некоја DIY варијанта, знам дека на AliExpress за околу 120 до 150 евра се прајт комбинација со Seiko механизам и останати делчиња по желба. Само не дошло на ред.
Овој сеиково истава боја што ти го имаш прв ми фати око вчера кога почнав да барам, ама го најдов Promaster Dive за 195 еур и го земав тој.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1138 на: 01 Ноември 2024, 15:21:12 pm »
Каде има во скопје Orient еднас во беверли трговскиот начув али не можев да најдам, помеѓу Orient и Сеико кој се по добри на мисла сум подолго време за еден автоматик нешто вакво ми пага во очи https://www.hronometar.mk/ssk001k1

Кај Љупчо во Беверли. Не знам како му се викаше дуќанот.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Совет за часовник
« Одговори #1139 на: 02 Ноември 2024, 11:01:09 am »
Дечки каде препорачувате во Скопје да сменам батерија на касио часовник?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk