UPDATE: Фотографии во првиот пост
Од новите бе Фаланга?
Ај Спаркот некако се јаде, ама ова ко к*р е ружно... Леле па уште се радуваш. Ново дека е изглеа, ќе ти легне таа предницата во мисли, и кошмари ќе те пукаат во 4 и 20 сабајле, ќе идеш Баблс да го гушнеш зашто тој е лепотан во споредба со ова
Од новите е. Искрено задницата му е претерано грда. Погрдо мислев намерно да го правеа немаше вакво да го направат. Предницата е одлична а и ентериерот убаво изгледа.
Ај со здравје да си го возиш. Се напрај и ти со кола (не дека спаркчето не е )
Ќути, good for you што се поправи иначе.....
i sledna kola FORD KA
Пегла би возел попрво отколку Форд КА.
Иначе први впечатоци, Твингото е многу лесно за возење. Перфектно возило за девојче. Моторот има торк уште од мал број на вртежи што е одлично за низ град. Пластиката на воланот е премногу тврда, дури и боли кога ја држиш но убава навлака ќе го репи тоа. Сервото е многу моќно и лесно се врти воланот, прецизно е управувањето и има одличлен фидбек од патот. Седиштата се тврди, исто како кај Спаркот, прилично потврди одошто кај Полото. Тоа е одлично според мене и е оптимално погодено. Амортизацијата е многу тврда но возилото е убаво стегнато и нема крцкање од никаде освен од пластиката кај шалт таблата. Крцка неште кај левиот крај а истиот звук го има и одкај десниот крај. Тоа не е проблем, ќе се изгуби само од себе. Задната клупа е многу удобна за седење но нема воопшто место за нозете. Има помалку и од Полото и од Спаркот. Кочењето е одлично. Јачината на кочење е совршено пропорционално распоредена зависно од сетпенот на притискање на педалот. Неколку пати прикочив агресивно и можам да кажам дека растојанието на кочење ме импресионираше. ABS-от уклучи само на Орце николов каде што е лизгав асфалтот. Кумплигот е прекрасен но една критика до менивачот, пластиката на рачката е очајно лоша и непријатна за држење а рачката тешко влегува во брзина за раслика од Полото и Спаркот. Но колата ја земав со 8км поминати па претпоставувам дека со тек на времето ќе се разработи и ќе омекне. Педалот за гас е одличлен и има две нивоа, првото ниво е од (проценка од прилика) од 0-80% притиснатост па бара посилно стиснување за да пропадне до 100%. Има борд компјутер со сите стандардни показатели, на потрошувачка, потрошено горизво, процеси, пикови и други тракатанци. Има и ограничување на максималната брзина а има и круз контрол. Има контроли на воланот за радиото и Bluetooth поддршка за мобилен телефон. има радио со USB MP3 и AUX влез. Има два поголеми звучника, мислам дека се 12-ки и два високотонци. Има далечинско отворање но со него се отвора само возачката врата, тоест нема централна брава. Има електрика на стакла но едноставна, ја нема опцијата да стиснеш и да се отвори прозорот до крај туку мораш да држиш стиснато.
Е сега во врска со моторот, во првите 3000 километри ECU-то е во safe mode и не дозволува беснеења. Максималната брзина е ограничена на 130км/ч до изминувањето на 3000-те километри. Звучната изолација не е баш за фалење, односно внатре е погласно одошто кај Спаркот и Полото. Моторот има одличен торк и при мали вртежи и трпи возење под мал гас како на пример 25 со трета, 40 со 4-та и 50 со 5-та брзина. Борд компјутерот јавува некои смешно мали цифри на потрошувачка како на пример 3.2л на 100км при крузање 50 со 4-та или 2.5л при крузање со 55 во 5-та. Едон беше сведок, но не ме изненадува и да е толку ниска потрошувачката. Во Понеделник одам за Приштина па ќе видам на отворено (yea right... in Kosovo) Од гуми имам ContiEcoControl3. Прекрасни гуми за тивко и меко возење. Димензијата мислам дека е 175/70 само не приметив оти ме стемни дали се 14-ки или 15-ки. За повеќе впечатоци утре ќе пишам. Сега за сега толку е.