ФилипВ ја има кордобата уште?
Не, ја поклони на татко му.
Да знаев дека толку слабо ќе ја одржава избраничката на моето срце - немаше да му ја давам!
Ја возев пред некој ден, да имаше уста кутрата ќе ми се жалеше на полусинтетско чкарт уље, нафта од кај-стигне, ноунејм ќинески амортизери позади кои ништо не амортизираат, МАФ сензор несменет а треба да се смени... башка целата е потчукнувана или изгребана, нема парче лим кое не е некаде онадено, пола сијалички не работат... „е де, оди и вака, малце троши добра е“
ама ај, стар чоек со автомобилски навики градени со фичовци и стоќецови... проголтав горчлива кнедла и му ја вратив без збор.
Не сум при пари. Да сум - ќе му ја одзедев, за 1-2 бона ќе ја средев ќе ја направев кукла (ко што си беше кога му ја дадов!!!) и ќе му ја вратев.