Поздрав момци, морав да внесам малку кејф во колава бидејќи сеуште си ја возам, пред извесно време порачав андроид мултимедиа, одамна ми требаше вакво нешто. OEM look, изгледа речиси идентично како и фабричкото радио само што има екран на средина од 7”. Чинеше 120€. Излезе вака

Фабричкиот лаунчер, онака, малку кинески но океј.

Има доста дизајни да менуваш, можеби 20-тина

Радио

Го купив Agama Launcher( околу 200 денари) и моментално го користам него.

Carplay бежичен преку Zlink


Заедно со мултимедиава дојде и универзално камерче кое што не личеше на ништо, а ниту пак имаше соодветно место да се позиционира. Беше пуштена само инсталација до гепек и порачав типско камерче интегрирано во светлото за таблица, се чекаше само plug&play. Чинеше 15€.



Искрено сум презадоволен како испадна, сосема е дискретно не се приметува а е функционално…

Поддржува dynamic trajectory, колата не мора да има канбус или фабричка опција, во него има сензор или жироскопче кое што ја детектира насоката, аголот и движењето и прави траекторија кога колата се движи. Ако во место го вртиш воланот линиите се фиксни. Мора да има движење.

Прилично задоволен од квалитетот. Не е ,,wow” но е сосема пристојно, дури можеби и подобро од некои фабрички камери кои ги имам видено.

Night mod
Се на се, екстра. Задоволен. Предности и маани кои би издвоил:
Предности:
- Одлична интеракција со телефон, bluetooth, wi-fi, gps, микрофон интерен и плус екстерен монтиран итн. Ова мене ми беше најбитно.
- Убав изглед на ентериерот. Отвара

- Многу опции и можности.
Маани:
- Малку послаб квалитет на звук за разлика од фабричкото радио, иако има Eq и опција да го дотераш. Послаби средни и високи тонови, bass има сосема океј.
- Маалку послаб радио сигнал.
- Фали рам, барем уште 2Gb. Ова можеби е најголемата забелешка.
Поздрав и секое добро!
