Ај да го документирам и ова. Ќе почнам од почеток. Конечно си го реализирав планчето за кое ми беше кејф подолго време. Лани зимото зедов 16” бандажи фабрички од Фиеста Борбет. Според мене едни од најубавите бандажи за ова возило.
Изгледаа вака, на прво сочувани ама скарани со тротоарите. Венците беа прилично оштетени и дефинитивно ме нервираше тоа и морав да барам чаре.
На почетокот на годинава најпрво ги однесов на проверка кај Глигориј да се исправат и се испостави дека се прилично криви и тоа бајаги. Ги дотера пушка.
Во меѓувреме почнав да барам нови гуми со димензија 195/45/16, фабрички препорачана за оваа кола. Тешко беше да се најдат гуми и скоро никаде немаше. Во Stop&Go се нафатија да порачаат специјално и истите да се произведат затоа што немаше ни во фабрика.
Некој период после тоа договорив термин кај Дарио(The Rim Doctor) со намера бандажите да се средат и комплетно префарбаат.
За 3-4 недели гумите Hankook Ventus Prime 3 стасаа со дот 0819. Бандажите не беа уште готови и после некоја недела дојдовме до ова. Долгоочекуваниот момент.
Подобро не можеше да испадне. Секоја чест за Дарио!!!
Дечките во Stop&Go беа максимално внимателни за да не ги изгребат при монтажа. И успеаа.
Денеска беше на проверка кај Мето чисто онака ради промениве и гумиве, предницата и подвозјето се камен.
Голем мерак
п.с во живо изгледа поубаво