Автор Тема: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)  (Прочитано 61056 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #165 на: 07 Мај 2016, 18:58:36 pm »
Одсекогаш е толку овој сервис, затоа и го правам таму, да го правиш посебно на страна можда ќе те фати 500-1000 поефтино ама гледате споредба во квалитетот на филтрите, унифлукс извитоперен тој за клима оригиналниот стар 2 год како нов. Да не збориме за уљето кое е живо џабе. Се исплати, башка добиваш и печат во книшка.  Во мида скапи се другите работи, на пример каиши, водни пумпи,  итн. Ама па затоа добиваш за се гаранција  :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #166 на: 04 Октомври 2016, 14:40:48 pm »
Пред извесно време беа купени:



+




Денес на 52к превентивно се променети:

Ребраст каиш Contitech со затегач Gates.

PK каиш за алтернатор- Gates.

PK каиш за серво - Gates

Променет комплетно антифризот.


Цела процедура и работа е завршена кај Жарко во Геге. Дечково, мајсторчево би го препорачал за оние кои имаат Фордови, педантен момак. Одлично и профи си ја заврши целата работа. Прв пат одам кај него.

Работна рака: 2000 денари за каишите и 200 ден за антифризот. Значи тотал = 2200 денари.

Целата процедура траеше од прилика 4 часа. Грубо.

Му ја однесов сабајле околу 8:20, муабет малку ово оно пошто и онака требаше да се лади. Полека почна да вади пластики и да одштрафува.



Ги извади ПК каишите.

Потоа кога стигна до ребрастиот ситуацијата беше ваква. Ова на сликата е стариот ребраст, на око си беше во солидна состојба.




Се испостави дека затегачот кој сум го купил не одговара во комбинација со веќе постоечката водна пумпа. Бидејќи во меѓувреме ја провери и рече дека немам никаква потреба да ја менувам, дека не пуштала од нигде. Таа не е на ребаст иначе. Па комбинациите беа следни, или да го сменам постоечкиот нов затегач за друг модел кој ќе одговара со неа, или да ја променам и пумпата комплет заедно со него. Решив да го послушам да ја оставам фабричката и го оставив на раат па отидов да го менувам. Имав затегач со тело а уствари ми беше потребен ваков:



Газдата откај што ги купив деловите испадна доста фер и го замарав по телефон па ми најде во новата роба затегач на Gates каков што ми треба. Исто така ми најде штраф за радилица нов кој ми беше потребен пошто стариот не се враќал назад...  Му пуштив слика на Жарко ми потврди дека е тоа тоа и се вративме да му го однесеме. Во меѓувреме се изгуби скоро 1 саат. Му го однесов и повторно заминав.

Би изразил јавна благодарност до Прчот кој ме дружеше и ме разнесуваше со кола да менувам. Фала куме!  ;D

По некој саат колата беше готова. Си ја земав околу 12:30. Презадоволен од работата, колата си спие  8)

_____________________________________________________________________________________________________

Стариот ребраст, како што кажав на око во доста солидна состојба



ПК каишите двата тро подиспукани беа...



Стариот затегач



Тоа е тоа поштовани публикуме  8)  ;D

До следниот пат  ;)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #167 на: 04 Октомври 2016, 15:25:27 pm »
Аирлија сервис. :D

Од кај ги купи каишите ?

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #168 на: 04 Октомври 2016, 15:53:27 pm »
Airlija trkalanje, raat si sega :)
No turbo, no fun :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #169 на: 04 Октомври 2016, 18:34:33 pm »
Аирлија куме, немаш гајле сеа 60.000км. Се изнашетавме денес.
Каишите се купени од Солид, ретко добра услуга.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #170 на: 05 Октомври 2016, 19:33:26 pm »
Ај сполај ви дечки.  ;)

Влацки као што кажа Прч, супер однос со муштерии и добри цени ми напраиа.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #171 на: 05 Октомври 2016, 20:54:48 pm »
Аирлија возење, топ избор.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #172 на: 25 Ноември 2016, 20:35:17 pm »
Епа дечки го направив тој зафат што го планирав одамна, го истапацирав воланот, ќе ја објаснам цела постапка сликовито од корен, туторијал, можеби некого ќе го интересира како се вади воланот :)

Алат кој беше користен:

-Крцкалче со 10-ка гедоре.
-Торкс T15-ка.
-Голема крцкалка 24мм насаден.

1. Најбитно, извадете клема, доволно е само негативната и чекате барем 20-тина минути пред да почнете.



2. Во меѓувреме можете да ја поткренете горната пластика, на жлебови е така да со тенко штрафцигерче потркенете и ќе излезе, од двете страни по 2 жлеба или 3...



3. Откако ќе поминат тие 20-тина минути пристапувате кон вадење на Airbag-от. Внимателно. Го завртувате воланот на лево под 90 степена агол позади ќе видите дупче, пикате торксчето само на врвот ќе осетите како клипче треба да го ослободите, можеби нема да ви успее од прва па трпеливо, кога ќе се погоди клучот не се врти туку само се повлекува на десно или на косо или накај вас, искача едната страна од пластиката предна односно еирбегот, потоа истото го повторувате со другата страна, односно го вртите воланот на десно го ослободувате второто клипче. Од напред од страните пажливо повлекувате, поткревате за да излезе. Толку. Доаѓате до оваа ситуација



Има 2 џекчиња, главен со јазиче за Еирбегот и едно со извлекување лимче за свирка најверојатно. Ги вадите.





4. Пристапувате кон вадење на воланот, одвртување на главниот штраф. Внимателно позади него има федерче, чукнете малце со рака, ако не е ваден долго време ќе излезе.







Тоа е туторијалот. Не е комплицирано воопшто.


Епа дечки, со задоволство ви го претставувам РЕМЕК делото и вајарско је дело на МАЕСТРО ПАНЕ!!!!!!!! Фантастично изведено, запрепастен бев кога го видов.  Секоја чест!











Процедурата траеше од прилика 7 часа и чинеше 2500 денари. Алал нека му се и пари и се :)

Следно во блиска иднина е кроење навлака за мењачот кај него.



Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #173 на: 25 Ноември 2016, 20:38:05 pm »
Каква разлика! Браво! Секоја чест на мајсторот!

Колку е подебел воланот во однос на стандардната изведба? Малку не ми се свиѓа како изгледа гледано од позади, ама не е важно тоа толку. Сè на сè, стварно огромна и позитивна разлика!

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг:
« Одговори #174 на: 25 Ноември 2016, 21:04:38 pm »
Ауу супер излегло, браво за Пане!

Sent from my SM-N920C using Tapatalk


Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #175 на: 25 Ноември 2016, 21:15:17 pm »
Браво, како од фабрика. Кој е мајсторот и контакт број од него?
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #176 на: 25 Ноември 2016, 21:30:40 pm »
Фан-факинг-тазија.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #177 на: 25 Ноември 2016, 21:37:24 pm »
Одлично, со здравје да си го фаќаш! ;D

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #178 на: 25 Ноември 2016, 21:44:14 pm »
Odlicno izgleda bas mi e milo sto i tebe ti se bendisa so zdravje da si go vrtis hahaha

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Ford Fiesta 1.4i 16v 59kw(80ks)
« Одговори #179 на: 26 Ноември 2016, 01:20:27 am »
Одлично искочил!