НЕ Е ALFA ROMEO АКО НЕ СЕ ПОПРАИ САМА!
Татко ми, шизик на ризик, танкирање фул резервоар и службено за Скопје. Ми се јавува и ми вика или ќе ја опраам или ќе ја оставам во Тетово за делови.
Го немаше цел ден да се јави, и кога дојде кај мене пред зграда со колата, работеше како саат. До тетовска патарина поише од 100 немала сила да крене, а од Тетово до Скопје вика се опраи сама, до 170 неколку пати ја извозев без проблем.
Е сеа останува тоа што се собира на капачето, не е многу ама наскоро ќе го адресирам и тој проблем.