И по-оригинална

Секој со свој вкус луѓе.
Колата реално во моментов го има постигнато врвот во модифицирање со постоечкиве ствари што се на неа. Што и да додадам на бандажите или браниците или било што, ќе ја ушабанирам, или учаиризирам.
Затоа, зашто меракот е поголем од знаењето, морам да продужам во друг стил. Една одлична фотосесија на тоа како изгледаше во primetime си имам и секогаш ќе си ги чувам сликите, а фотосесија откако ќе завршам со моите планови повторно ќе има.
Алфата си е тука за да остане, барем во наредни 2 години додека наполнам 21 и законски смеам да управувам возило помоќно од неа. Додека ја чувам, плановите се да изгледа баш онака:
фабрички браници од MY1995-1997 со црни пластики
фабрички Speedline Cloverleaf 15ки бандажи
магленки во жута фолија
црн Б столб
и евентуално 30% фолии. Еве сигурни нека се фолиите.
Ќе се заангажирам поупорно да ги продадам бандажите па макар бил на 0 и макар одвојувал средства од пари за јадење за да ги средам тие што сакам да ги купам.
За лепење на фолиите имам еден навистина компетентен братучед, а браниците ќе ги почнам и нормално завршам на пролет, затоа што имаат малку за санација.