@Гугле
Не реков дека е различен туку дека е поскап. Тој мотор е со директно вбризгување во комората за согорување. Поради тој факт, самите бензински дизни се изложени на драстично повисоки температури па кога би се возело само на плин за кратко време ќе изгорат поради тоа што низ нив не тече бензин кој ќе ги лади. Затоа е потребно специјален режим на работа каде на секои 3 вбризгувања од плин доаѓа едно вбризгување со бензин. Улогата на бензинот е да ги лади дизните, а тоа го прави со самото вбризгување, како и при преоѓање од течна во гасовита состојба. Овој режим на работа со двата типа на гориво неможе да го овозможи секој (независен плински) компјутер, па затоа е малку поскап. Понатаму, бидејќи се работи за форсирано полнење, односот на кислород и гориво е многу помал во однос на обичен атмосферец, па затоа се потребни помоќни и побрзи дизни, како и поголема расплињача. А тие делови коштаат повеќе во споредба за обичен атмосферец со слична зафатнина. Згора на ова, неопходна е капалка на масло за ладење на издувните вентили, која чини околу 40 евра.
На пример добар уред кој може да се вгради на таков мотор е Landi Renzo Omegas кој со капалка во Плимонт чини околу 850 евра. На обичен атмосферец ќе брка работа и варијанта со драстично поефтини дизни, поефтина расплињача и без капалка, кој чини околу 570 евра.
П.С. заборави да ми се јавиш или беше пребукиран со активности? ;P