Ај нов пост, не чини 200 пати да го едитирам претходниот. Извинување до администрација за реткиот прекршок.
Благодарение на Danny Tennabija и неговата грижа околу количето, во цената беа вклучени и фабричкиот издув, фабричкиот филтер и фабричките спирали.
Вчера на собир Мартин Коска ме советуваше да ја изфрлам печурката од употреба и да си го вратам стариот air intake систем. Повеќе од мене секако дека се разбира, и неговиот совет го послушав.
Отварајќи го лептирот, забележав дека се собрала ѓубретина невидена, па му удрив втора тура чистење. Монтирав се назад на свое место, и по неколку верглања испари карб-клинерот. Колата работи уште помирно и помалце се мачи за воздух, но звукот е plain old boxer, што и не ми смета

30 минути поминати корисно.
