Ta та, заборавив ради колоквиумот...
Значи вака, губење на сила има, минимална, но има, ке треба малце повеќе гас да си притискаш во прва, особено кога си со некој во кола...
Сега, другар што ми ја возеше колата и претходно, тврди дека нема, ама ја се привикнав на редовно возење на турбо бензинец, па може и сум се утрипал за ова, али мислам дека има.
Доколку возиш поголемиот дел надвор од град, ова и нема да ти претставува проблем.
Мирис во кабина нема, кај мене потрошувачката е околу 8-9 литри плин на 100 km, кога возам на отворен пат, е околу 8л.
Имај на ум дека ова е од 2 боци земен просек
Возам пензионерски, ова возило ми е битно од аспект на економија... Значи, ефтино ке се возиш, тоа веќе е јасно.
Исплатливоста е правопропорционална со факторот изминати километри.
Паметно е од аспект на тоа дека ти дава 2 опции за погонско гориво и поголема автономија за изминат пат.
Кај мене некогаш знае да се јави нерамномерно работење веднаш по палењето на возилото, и се смирува после минута две ...
Доколку ја запалам колата, и тргнам, воопшто не се забележува нерамномерното работење.
Мајсторот ми е нешто болен, и не сакав да го малтретирам преку викенд, ми објасни дека е изи фикс, нешто во врска со гасот, само да оздрави.
Друго нешто немам забележано, како аномалија на плинскиот систем.
Имам 37 литарска боца сместена во просторот на резервното тркало. 570 Е беше, се работи за Ланди Ренцо плински уред.
Ми стави мајсторот и капалка за ладење на вентилите.
Друго, што би можело да те интересира, слободно прашај.