Како што знаеме, еден од главните параметри за перформансите на возилото е дотокот на воздух. Токму затоа на пазарот има разно-разни афтер-маркет филтри за воздух, но и цели системи за довод на воздух до грлото на усисната грана. Сите овие помагала имаат различни перформанси и негативни аспекти што од економски, а што од технички причини. Има и такви кои даваат само негативни компоненти во индукциониот систем и во комфорот при возење (бука и вибрации). Некои пак даваат придобивки во одреден сегмент, а негтивни во друг. Но има и такви кои се некомплетни, т.е. може да се надградат и усовршат.
Сепак, кога станува збор за афтер-маркет филтер на воздух строго препорачувам да се користат реномирани брендови како што се K&N, Fujita, AEM и други. Овие производители имаат внимателно дизајнирани производи за секој мотор и негова изведба. Но и кај нив има производи каде е направен компромис меѓу перформансите и економската исплатливост.
Еден таков систем е системот за довод на ладен воздух со високопропусен конусен филтер, K&N 57i (со Part No. 57-0615).
Овој систем се состои од следниве компоненти:
- високопропусен маслен конусен филтер
- цефка со пресметани димензии (пресек и должина) обложена со тефлон која го поврзува филтерот со грлото на усисната грана
- алуминиумско црево за довод на ладен воздух од надвор
- силиконско црево и стеги
Дизајниран е така што најмногу ќе го зголеми протокот на воздух(а со тоа и перформансите), при опсегот на вртежи околу максималниот вртежен момент, т.е. од 3500 до 5000 вртежи. Сепак негативна страна на овој систем е тоа што меѓу него и моторот има празен простор па така голема порција на воздухот кој го усисува е топол, а тоа е негативно за перформансите на возилото.
Како што ни е познато од физика, ладниот воздух е погуст од топлиот, па затоа содржи повеќе молекули на кислород за една иста зафатнина одошто што содржи топлиот. Тие молекули го потдржуваат горењето на запалливата смеса во цилиндрите, односно помагаат истата поправилно да согори. Со тоа се добиваат зголемена ефикасност на моторот односно намалена потрошувачка и/или зголемени перформанси на моторот односно поголем вртежен момент и поголема снага. Во зависност од амбиентната температура, дизајнот на моторот и софтверот од неговиот компјутер јаде се дефинираат односите на запалливата смеса, за секои 10 степени поладен воздух се добиваат од 1% до 2% зголемена снага. Може да се добие и намалена потрошувачка доколку е ограничен протокот на воздух и доколку возилото се вози цивилно, но во конретниов случај протокот на воздух е зголемен, а не намален.
Ако се земе во предвид дека при подолго, но лагано, возење во умерени климатски услови, т.е. при надворешна температура од околу 20 степени, воздухот под хауба е за 20-30 степени потопол од оној надвор. Доколку го малтретирате моторот таа разлика во температура ќе биде уште поголема. Тоа значи дека кога би имале доток исклучиво од надвор од возилото би можеле да добиеме 3% до 6% зголемена снага во цел опсег на вртежи.
Во мојот случај има само црево кое допринесува ладен воздух во близина на филтерот, но тој воздух е помешан со топлиот воздух од под хауба. Еве како изгледа тоа во мојот случај, т.е. непосредно по монтажата во Auto prestige клиниката на Др. Шереметковски:
Постојат фабрички дизајнирани системи со кои се постигнуваат такви резултати, но се многу поскапи, т.е. неоправдано поскапи во мојот случај. За моето возило таков е китот K&N Typhoon i69, кој ќе ме чинеше околу 450 евра, во споредба со мојот кој ме чинеше 170. Еве за што станува збор:
Имајќи го во предвид дизајнот на Тајфунот, како и локацијата од каде усисува ладен воздух, решив да го подобрам мојот 57i така што ќе има целосен довод на ладен воздух, но и уште неколку екстра ефекти. Да сумирам:
- довод исклучиво на ладен воздух од страна на левото крило над тркалото
- топлотно изолирана кутија за филтерот од воздух и цевката за довод на воздух од филтерот до грлото на усисната грана
- звучно изолирана кутија и цевка за довод на воздух од филтер до усисна грана
- спречен пристап на прашина и други нечистотии од околината на моторот преку двете комори (едната е просторот кај тркалото под крилото, а другата е самата кутија)
Всушност кутијата ја издизајнирав така што влезот на воздух во неа ќе биде токму од страната на левото предно тркало каде и има отвори за влез на свеж воздух од напред, а самото вртење на тркалото ја помага таа вентилација. Покрај тоа добро го изолорав топлотно и звучно, така што нема да има влез на топлина во кутијата, а од друга страна ќе се намали бучавата која ја создава. Реално, конусниот филтер од овој систем, без оглед на тоа колку спортски звучи, е драстично погласен одошто фабричкиот филтер и кутија со резонатор. Покрај тоа дополнително направив и една топлотна преграда(30 килски стиропор заштитен со алуминумска фолија од страна према моторот) меѓу тркалото и останатиот дел од внатрешноста на хаубата за да се спречи влез на топлина во комората кај тркалото. За жал не ја сликав благовремено и неможам да ја прикажам на форумов. Но во првата прилика која ќе ми се пружи ќе ја сликнам.
За почеток, направив груби мерки со метро. Потоа купив картон со дебелина од 3 милиметри и ја изработив пробна кутија со помош на CNC машина. Еве како изгледаше првиот обид на кутија:
По пробувањето беа направени корекции на димензиите и мал редизајн, т.е. беше напуштена првичната идеја: дотокот на ладен воздух во филтер кутијата да биде преку црево. Самото место каде се наоѓа кутијата овозможува да се оди со отворена кутија од едната страна.
Потоа финалната кутија беше изработена од материјал наречен алукобонд, т.е. сендвич од алуминиум и пластична маса меѓу двете алуминумски плочи. Неговата предност е тоа што е всушност еден вид топлотна и звучна изолација, но може едноставно да се витка и од него да се прават кутии и други аголни тела. Се користи во градежништвото за изработка на естетски фасади, каде се наплаќа по 60 евра за квадрат. Еве како изгледа кутијата од алукобонд:
Како што се гледа една страница е сосема отворена, додека пак друга страница е реализирана како капак така што ќе биде едноставна монтажата и демонтажата на филтерот за воздух. Всушност еве како изгледа кутијата без поклопецот и со монтиран филтер:
Затворањето на страницата е остварено со помош на штрафови заштрафени на држачи од плексиглас, кои пак се заштрафени и закитирани долж останатите страници. За да нема струење на воздух набавив дихтунг од Гуматерм и соодветно го моделирав:
Последниот дел, всушност најбитниот за резултатите, е додавањето на изолација. Како материјали ги избрав и вградив следниве:
- на подлогата под кутијата ставив плоча од 5cm 30kg стиропор обложен со 3mm полиетиленска алуминизирана фолија
- кутијата најпрво ја обложив целосно со специјален тип на 50kg XPS кој не пропушта влага со дебелина од 3mm
- на страната према моторот залепив 5cm 30kg стиропор, а на останатите 2 страници према кабината и према носот на возилото ставив 2cm 30kg стиропор, притоа ги пополнив сите шуплини од каде би можел да се протне топол воздух.
- деловите од стиропорот низ кои евентуално би проструил воздух према кутијата се обложени со полиетиленска алуминизирана фолија од 3mm.
- капакот е обложен со 1cm полиетиленска пена, а врз неа алуминизирана полиетиленска фолија со дебелина од 3mm.
Цевката која ги спојува кутијата со грлото на усисната грана исто така ја изолирав со 1cm полиетиленска пена и 3mm полиетиленска алуминизирана фолија. Еве како сето тоа изгледа:
Еве го и отворот кој води кон комората до тркалото од каде струи свеж воздух од надвор:
На сликата изгледа помала одошто е реално. Сепак е доволно голема за да има непречен доток на воздух.
Во немање на содветни мерни инструменти не сум во можност да ги квантифицирам придобивките од овие зафати и модификации. Сепак најзабележливо намалување на бучењето кое нагло се доби со промената на филтерот. Намалено е и внатре и надвор, но внатре е поосетливо затишувањето. Всушност при цивилна вожња (без нагазување до даска) не се слуша "мукањето" на конусниот филтер и изгледа исто како и со фабричкиот филтер со резонатор. Кога ќе ја натепам гаста има мукање, но драстично потивко одошто порано. Во однос на пеформансите, моја перцепција е дека има разлика. Имав прилика да ја извозам на подолга релација на отворено, т.е. Скопје - Парк Гиновце и назад. Имам чувство дека е поагилна и дека подобро убрзува. На пристигање во Гиновце ја отворив хаубата и ја допрев внатрешноста на кутијата и самиот филтер. Беа камен ладни, т.е. драстично поладни од амбиентната температура. За разлика од нив остатокот од внатрешноста на моторот си беше прописно топол. Инаку, висината на кутијата и дебелината на изолацијата на капакот се прилагодени така што кога ќе се затвори хаубата да нема зјај, т.е. да се спречи евентуална циркулација на топол воздух. Тоа што внатрешноста на кутијата беше ладна е доказ дека добро го имам иземерено просторот и сум ставил доволно изолација за таа цел.
Како и да е, субјективноста на човекот може да биде многу голема, а јас како креатор на сето ова да сум подсвесно пристрасен кон придобивките. Ако утре времето не е врнежливо ќе излезам и ќе направам тест на меѓузабрзувањата како оние кои ги правев претходно, па ќе споредиме.
На крај, сакам да се заблагодарам на фирмата Мултимедија која безрезервно ме потдржа во реализација на овој проект, како и многу други. Тоа е фирма која се занимава со изработка на рекламен материјал во секакви размери и материјали и се наоѓа кај поранешна стаклара. Имаат професионална опрема и пристап кон работите и мошне пристапни цени за своите услуги. Мислам дека во иднина многу рекламен материјал на CarClub ќе биде изработен токму во оваа фирма.