Ti celis na zabrzuvanje, jas nakaj elasticnost.
Секој цели кон еластичност. Кај бензинците е помала, кај дизелеите е поголема благодарение на големиот вртежен момент. И покрај тоа сето зависи од преносот на возилото и брзината на движење. Всушност токму затоа и постои преносот, за кога ќе има потреба од претицање/забрзување да се одбере најсоодветната брзина. Кај сите возила брзините се битни, најбитни кај атмосферците, потоа кај турбашите.
E vo gorniot primer se zapazeni dvata tvoi uslovi: i dvata se turbo motori so ista snaga, i so sporedbata ne stanuva zbor za elasticnost tuku za maksimalno zabrzuvanje, znaci cedenje na site brzini do crveno.
Не знам на кој јазик да преведам за да ме разбереш. Или како да се изразам. Цело време за избор како референтна точка ја земаш
ДЕКЛАРИРАНАТА максимална снага на моторите, која пак не е реална максимална снага. Најмалку од се значи дека моторот е толку моќен, бидејќи таа моќност ја има само во една точка, која се наоѓа многу далеку од реалното возење. Во останатите точки, односно при помали и поголеми вртежи од оние кога моќноста е најголема, моторите имаат помала моќност и во најголем дел таа е драстично помала. Затоа дебилна е споредбата која ја правиш помеѓу две возила со иста декларирана максимална моќност, а мотори кои работат на различен принцип и на кои се различни карактеристиките на моќност и вртежен момент. Потоа тука следи менувачот, односно редукторот со различни степени на преносни односи, па механичките загуби кои се различни кај различни мотори и менувачи, масата и останатите физчки карактеристики.
И ти реков избери возила чии мотори:
- Имаат слична зафатнина. Под зафатнина се мисли на волуменот во цилиндрите во кој се вбризгува смесата од воздух и гориво. Не се мисли на фиктивната бројката од проспектот именувана како максимална снага на мотор.
- Имаат слична тежина
Ако можеш да најдеш исти возила ќе биде најубаво, поради останатите физички карактеристики.