Прво- Никогаш не сум слушнал дека си се тркал, а ги пратам тркиве од кога памтам за себе.
Второ- Реков дека заклучоците ти се погрешни, затоа што многу луѓе од светов сонуваат за wtcc, ама ретко кој може да влезе. Само по себе кажува дека треба да си многу успешен за да се замешаш меѓу тие имиња. (Реков болна тема ми е оваа и многу се нервирам, извини, и нека ми извинат тие што на кои сум се исфрустрирал до сега).
Трето- Дечкото сега има 28 години, ги собори сите рекорди на брдо во Европа и е најмлад освојувач на дијамантска кацига во Бивша ЈУ. Штом влегува во Etcc ваков успешен автомобилист, не би се согласил дека овој вид на трки не вреди.
Четврто- Види Второ. + И јас серам за овалните трки во америка, па во едно интервју, човекот од точка 3 рече дека имал прилика да се вози во наскар и дека е ненормално искуство и не е како што нас ни изгледа (лесно и досадно). А кога ќе слушнам искусен човек што кажува, си викам - Еј да бе, можно е. Од кај да знам па ја како е кога не сум пробал.
Петто- Не значи дека ако некој каже глупост дека е глупак. Може и не е глупост, нека процени друг. Јас кажав што мислам.
Лесно изгледа вака да го прочиташ, ама рачунај дека таму има и бивши ф1 возачи, и возачи од порше суперкуп. Зарем они незнаат кога да стиснат кочница и гас? Некои повеќе знаат а некои помалку, разликата е во десетинки ама ја има. А на конкретниов клип плус е на дожд и со прилично голема конкуренција, па не би рекол дека е баш лесно да се држиш со нив и да ги поминеш.
Толку од мене, уште еднаш се извинувам ако те навредив, не ми беше тоа намерата.