Околу бричењето, користам класичен брич, како на сликата поназад, наједноставно и најбрзо ми е бричењето, од многу одамна го користам, плус за финосвање (
) Вилкинсон Сворд, едно фенси шменси, со батерија пошто има и тример (поклон ми е, кога ќе се потрошат тие скапите жилети што се ставаат на него, ќе го баталам и ќе си купвам обични, какви што спомна Зеро). Во поглед на бебешко газе, никогаш не ми било лицето како бебешко газе затоа што:
1. Имам брада остра како трње
2. Никогаш не мавам контра. Во војска имав проблеми со тоа, добивав казни, ама инаетот победе. Контра никако, отпосле ми се појавува црвенило на лицето и мозолчиња на вратот, без контра ништо од тоа не се појавува.
Имам различни бричеви (рачки), Жилет Сензор, Жилет Сензол Ехцел, Жилет Фјужн, Жилет Дрн Дрн Јариња, Вилкинсон, Линкс (британска верзија на Акс)... давајпари за џабе. Пред некоја недела на татко ми за роденден му купив едно комплетче убаво спаковано, скапиот Фјужн... му се израдува, тој се бричи на 2-3 дена и за него е одлична солуција, мене тие жилети не ми ја фаќаат брадата оти се бричам кога нема да ме мрзи ептен... на една недела, на две...
Околу машинка... порано знаев само да ја потскратам брадата, ама со машинка за потстрижување. Специјална за брада никогаш не сум користел.
На бербер мислам дека сум се избричил само еднаш, онака да видам колку ќе ме испозаколи берберот со онаквата специјална берберска рачка (брич) за бричење. Поминав без колење, професионалец бил. Сум помислил неколку пати да најдам и да купам таков брич, ама сум донесувал заклучок дека нема да можам да се избричам со него, навикнат сум со најобичниот.
Се депилирам со лентички едни... ама претежно одам на третман во салон за разубавување каде што ми ги средуваат веѓите, чуече