Јас користам Филипс машинка за бричење веќе трета година. Машинката е одлична...
Проблем е додека да се навикнеш на неа. Ти треба одприлике месец дена период на адаптација..
Мојата е со 3 кружни ножа со по три типа на дупчиња на ножевите. Ја купив околу 5000 денари.
На првото бричење мислев дека некој ми го поминал лицето со крупна (60) шмиргла...Црвено, сцрвенето до немај каде...Ме печеше ужасно...
Издржа срце јуначко, и одкако се навикнав, сеа не можам да функционирам без неа...Само треба да си го фатиш ритамот...Јас се бричам два пати неделно...Пред тоа се бричев на секој втор ден, ама пошто ми е нежна кожата поише се исфрлав...
Инаку машинката држи батерија за две бричења...Еве трета година и исто се понаша...После нова година и почнува четврта година...
Единствено што осеќам е дека кога е малку поголема брадата почнува да подзаскубува, значи ножевите почнуваат да се тупат...Си сака нови...Цената за мојата машинка за ножиња е околу 2500 денари, значи пола од вредноста, па се прашувам дали воопшто се исплати да инвестирам или здравје да си земам нова...
Е сега кој како сака...Кога ке се навикнеш на нешто, после не ти се откажува