Има и поглуп предлог, купи си нов компјутер. Реално процесорот е одличен, меморија има доволно, само една појјака vga и ќе биде ко нов, евентуално и напојување доколку моменталното е заморено.
Реално поима немаш.
i7-3770 е над 2 пати во просек побрз од Q9650 за
обработка на графички и видео материјали, рендање на анимации и слично, што му е приоритет на Веле. А посебно за конверзија на видео формати i7-3770 корне, 4-5 пати е побрз од Q9650.
Покрај тоа со i7-3770 ќе добие нова Z77 платформа со USB 3.0 кое е неопходно за перформансите на модерните USB стикчиња, екстерни хард-дискови и други влезно-излезни единици кои имаат брзина многу поголема од лимитациајта на USB 2.0, и кои единствено ќе се произведуваат во иднина. Понатаму ќе има неспоредливо побрз и поагилен SATA3 контролер така што ќе може да си закачи модерно ССД без да жртвува 30-40% од перформанси со инфериорниот SATA2 ICH9R контролер од P35. Ќе добие и PCI-e 3.0, интерфејс кој денес не му е неопходен но ќе му биде во иднина. Ќе добие и trim supprot доколку се одлучи да вози две SSD-а во RAID0. Ќе добие и UEFI и уште ред други работи.
Да направи апгрејд на графичка според мене е малоумно затоа што ќе има полза од неа само повремено, а за така и постоечката Radeon 3870 ќе му брка работа.
Апгрејд на напојување под непоткрепена претпоставка дека било „заморено“ или ненаспано, според мене е исто така глуп предлог. Ако системот му функционира безпрекорно за кој к*р ќе расфрла пари за нешто кое нема да му даде никаков бенефит? Згора на се, Q9650 троши за 50-60% повеќе енергија од i7-3770 во просек па со апгрејдот само ќе го растерети напојувањето во голема мера.