Автор Тема: Мислење за компјутерска конфигурација  (Прочитано 19467 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Мислење за компјутерска конфигурација
« на: 30 Октомври 2012, 16:23:14 pm »
Барав некоја слична тема, универзална, ама не налетав...
Значи во план сум да земам некоја конфигурација (моменталниов компјутер ми откажва послушност), па ќе ве замолам за мислења.

Планирам после Нова година (демек сега иди период кога и покрај цела немаштија народо купва компјутери, телевизори, мобилни... па и продавачите гледаат да ќарат нешто, а и пари тогаш ќе фатам...) да ги земам следниве компоненти:

http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3004&pid=33877
(прво размислував за 2500K, ама разликата во цена е околу 1000 денари, а е и понов...Ivy Bridge...)

http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=376&pid=33740

http://www.set.com.mk/Proizvod.php?vrednost=10&grupa=32&si=22238

http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=333&pid=11638

Од хард диск страна, имам неколку комада, како и оптички уреди.

Ме интересира дали процесорот и матичната се компатибилни.
Да нагласам и дека не сум некој гејмер, па затоа сега не планирам некоја појака графичка, планирам да се потпрам на таа од процесорот.


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #1 на: 30 Октомври 2012, 17:09:06 pm »
Компатибилни се.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #2 на: 30 Октомври 2012, 17:31:42 pm »
Е па то е битно.
Јес да прочитав шо нуди матичната, ама сакав да се осигурам, знам дека овде има компјутерџии...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #3 на: 30 Октомври 2012, 18:06:28 pm »
Хаха, друже, абе тебе не ти треба мислење, ти сакаш да се пофалиш уствари ;D

Фина си е машинката. А за што работа ќе го користиш компјутерот? Сурфање-мурвање?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #4 на: 30 Октомври 2012, 18:08:10 pm »
Што кулер планираш за процесорот. Не штеди на него, од круцијално значење ќе биде после убавиот оверклок.


Штеди на графичка... И интегрирана ти е најверојатно доста.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #5 на: 30 Октомври 2012, 18:14:47 pm »
Хаха, друже, абе тебе не ти треба мислење, ти сакаш да се пофалиш уствари ;D

Фина си е машинката. А за што работа ќе го користиш компјутерот? Сурфање-мурвање?
Не бе не ми е толку за фалење колку шо ми е да се осигурам дали правилно ќе ги потрошам парите шо сега ги немам (нероден Петко, капа му кројат - муабет :) )
Машинката ќе се користи за то, сурфање- мурфање, филмој-милмој, КАД-МАД, фотошоп-мотошоп... Ситно. (битно да се фалам по луѓето после дека сум во тренд со модата :D).
Шала на страна, неколку години сум на крнтија, поа сега кога веќе земам, да земам нешто шо ќе ме служи пак неколку години. И да работи како шо треба.
Што кулер планираш за процесорот. Не штеди на него, од круцијално значење ќе биде после убавиот оверклок.


Штеди на графичка... И интегрирана ти е најверојатно доста.
Шо кулер... Па некој докај 20 евра максимум. А за графика, како шо кажав, интегрираната ќе фучи, не планирам да давам пари за неа плус. (затоа и се одлучив за овај процесор, со појаката графика, инаку ќе беше постариот К модел).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #6 на: 30 Октомври 2012, 18:28:16 pm »
Оверклок малку тешко оди кога е активна и графичката. Ама не верувам дека него тоа ќе му врши работа. Можеш и i3 да земеш комотно, на пример i3-2100 за помалку пари, за работите кои ги спомна ќе ти биде совршен.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #7 на: 30 Октомври 2012, 18:34:24 pm »
Не не, не вложувам во тој процесор. Како шо кажав, за и по некоја година да ми е мирна глата ќе земам 4-јадрен. Ако заштедам на послаб процесор, заштедата ќе појди за ракија и салата на меана :D

Фаланга, ти мајтап си тераш со мене. Одма на фалење удре, а јас сирома тро се разбирам, малку поќе не се разбирам...за да не се заебам си потпрашувам. Чоеко за трансакциона праша сите му кажавме мислење, да не се зафркни, ами и за ова така  ;D ;D ;D


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Мислење за компјутерска конфигурациo
« Одговори #8 на: 30 Октомври 2012, 21:52:24 pm »
Таа плоча подржува i7 ама јас не би ја ставил на тој процесор. Гледај нешто со Z77 чипсет. Тоа ќе го искористи максимум процесорот. А и рам гледај нешто барем да биди 1866мхз.

Уствари вака........ сакаш да ти пратам понуда за се ова ?
По моја мерка.
Гледам имаш пропуст голем направено. Немаш ставено напојување.
А тоа и тоа како е битно за ваква конфигурација.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #9 на: 30 Октомври 2012, 22:24:06 pm »
Јас сега во септември ја земав оваа конфигурација: http://amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=35425&id=41&l=3&q=&SupplierArticleID=&Action=

Задоволен сум од нејзе, симнав повеке игри и сите ги отвора, дури и Battlefield 3 на High детали ми работеше одлично, на Ultra малку ми подсецнуваше али тоа е до графичката, процесорот и рамот ми се топ

Еве ти склопени конфигурации во амц: http://amc.com.mk/Default01.asp?id=41&l=3, погоре кај што ти пишува одбери бренд, иди на gamer
Ако сакаш одбирај и од кај нив, не те присилувам, но важно е што неколку банки т.е тутунска, стопанска и ттк мислам, соработуваат со амц и даваат инстант потрошувачки кредити до 72 рати.
Ова е мое мислење, мислам дека би ти било од помош

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #10 на: 30 Октомври 2012, 23:53:24 pm »
Таа плоча подржува i7 ама јас не би ја ставил на тој процесор. Гледај нешто со Z77 чипсет. Тоа ќе го искористи максимум процесорот. А и рам гледај нешто барем да биди 1866мхз.

Уствари вака........ сакаш да ти пратам понуда за се ова ?
По моја мерка.
Гледам имаш пропуст голем направено. Немаш ставено напојување.
А тоа и тоа како е битно за ваква конфигурација.
Па да, земена е во обзир и плочата со Z77 чипсет (оваа: http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=376&pid=33739) ама сакав да поминам поевтино и затоа прашав дали таа другата е ок.

Напојување оди заедно со куќиштето: http://www.set.com.mk/Proizvod.php?vrednost=10&grupa=32&si=22238
Мислам дека е доволно, со оглед на тоа дека нема да му лупам некоја графичка шо троши како бољер :)
Јас сега во септември ја земав оваа конфигурација: http://amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=35425&id=41&l=3&q=&SupplierArticleID=&Action=

Задоволен сум од нејзе, симнав повеке игри и сите ги отвора, дури и Battlefield 3 на High детали ми работеше одлично, на Ultra малку ми подсецнуваше али тоа е до графичката, процесорот и рамот ми се топ

Еве ти склопени конфигурации во амц: http://amc.com.mk/Default01.asp?id=41&l=3, погоре кај што ти пишува одбери бренд, иди на gamer
Ако сакаш одбирај и од кај нив, не те присилувам, но важно е што неколку банки т.е тутунска, стопанска и ттк мислам, соработуваат со амц и даваат инстант потрошувачки кредити до 72 рати.
Ова е мое мислење, мислам дека би ти било од помош
Ај со здравје да си ја возиш конфигурацијата :)
Како шо споменав, не планирам да давам пари за двојадрен процесор, мислам дека му помина модата (не планирам наредниве 4-5 години да поседувам таков процесор, во меѓу време, како шпо тргнало, за толку години 12 јадрени ќе се користат) :)
Од АМЦ со пиштол да ме тераат не купвам. Се заебав салам со претходната конфигурација од пред неколку години (20 пинско ѓубре напојување на 24 пинска матична...ми пролупаа 2 хард диска, вестерн диџитал кавијар блек А класа и плус морав да сменам напојување). Мислам дека доволно се заебав со нив :)

Банки, кредити и сл. не играат улога.

Фала ви многу за мислењата.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #11 на: 31 Октомври 2012, 01:15:58 am »
Ај со здравје да си ја возиш конфигурацијата :)

Фала, да си купиш сега многу појака  :)

Ама интересно е што матичната на компјутеров мој ако е со i3 процесор, подржува и i5 и i7 процесори.
За амц и ја еднаш бев изгорен со претходниот компјутер, исто канта беше, во гаранција ми го пишуваше 2.6 Ghz процесорот, а дома гледам 1.6, им се јавувам вака и вака, ми викаат немај гајле работи ко 2.6, плус за изминативе 6 години тој компјутер едно 200 пати му реинсталирав windows, а ја копиљ тогаш, осмо одделение, што се разбирав од компјутери, а и таткоми не само тогаш, туку и ден денешен  ;D  Сега кога го зимав овој што го имам у моментов, ги прашувам таму, со i3 процесор, со 8 gb ram и со 2 gb графичка е ? Ми викаат да, и ја пак ама стварно, да не се вракам после, ми викаат не се секирај, што пишувало во каталог, тоа има  :) Јас во амц пак отидов пошто најдобри услови ми даваа за кредит, а немав у кеш да го платам и затоа, сега за сега овој ми е супер, да не го заречам пу пу  :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #12 на: 31 Октомври 2012, 08:19:29 am »
Ипкисија.... не заприметив дека куќиштето доаѓа со напојување.
Ама па сега кога добро проверив, видов дека тоа куќиште не доаѓа со 500w напојување.
http://www.coolermaster-usa.com/category.php?category_by=1&category_id=1704&category_name=Elite

Види провери си убаво, оти тие од Сет знаат да прават мајмунлоци многу.

Дали сакаш да ти пратам понуда за ова што го имаш одбрано? Јас имам пониски цени од анхоч па можам нешто да ти средам.
Пиши ми на ПП, што сакаш, до колку пари....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #13 на: 31 Октомври 2012, 09:25:55 am »
Ау колку убаво куќиште. Јас оние од Куфатек ги гледав во мебиус, нешто во стил на појачало што изгледаат. Ама добро е и ова. Иако повеќе би сакал да е стандардна димензија на појачало (барем ширина).

Секако мора да се направат мали измени за да се подобри протокот на воздух и да се интегрира соодветен филтер за воздух - како и во сите други куќишта. :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #14 на: 31 Октомври 2012, 09:41:40 am »
Ипкисија.... не заприметив дека куќиштето доаѓа со напојување.
Ама па сега кога добро проверив, видов дека тоа куќиште не доаѓа со 500w напојување.
http://www.coolermaster-usa.com/category.php?category_by=1&category_id=1704&category_name=Elite

Види провери си убаво, оти тие од Сет знаат да прават мајмунлоци многу.

Дали сакаш да ти пратам понуда за ова што го имаш одбрано? Јас имам пониски цени од анхоч па можам нешто да ти средам.
Пиши ми на ПП, што сакаш, до колку пари....
На линкот тоа е друго куќиште... Јас за ова спомнав:
http://www.set.com.mk/Proizvod.php?vrednost=10&grupa=32&si=22238

Плус има уште некоја варијанта, не мора од Сет да биди:
http://webshop.ddcom.com.mk/products/Case-CM-Chassic-Elite-370-500W-Midi/pid/694240
http://webshop.ddcom.com.mk/products/CM-Chassic-Elite-430-black-w-transparent-acrylic-for-Left-side-window-panel-%2B-Elite-500W-PassivePFC%28%23RS500-PCAPJ3-CP%29-RC-430-KWP500/pid/697188#.UJDjjMWebwc

Ај сеа одам на ПП :)

Ау колку убаво куќиште. Јас оние од Куфатек ги гледав во мебиус, нешто во стил на појачало што изгледаат. Ама добро е и ова. Иако повеќе би сакал да е стандардна димензија на појачало (барем ширина).

Секако мора да се направат мали измени за да се подобри протокот на воздух и да се интегрира соодветен филтер за воздух - како и во сите други куќишта. :)
За куќиштето... Јас најпрво планирав некое од ефтините (накај 1500 сосе напојување), ама па сеа ако ставам ваков процесор и се остало и да ми се стопат како чоколадо во микробранова, не го бива :)
Само заради напојувањето ми е, а изгледот на куќиштето и не ми е толку битен. Битно и промаја (вентилација) да има :)