Автор Тема: Мислење за компјутерска конфигурација  (Прочитано 18929 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #75 на: 15 Јануари 2013, 09:42:28 am »
Ако не играш графички захтевни игри тогаш решение за тебе е следно:
Z77 матична + i7 3770(K) + 4x4GB DDR3-1600+ + SSD Samsung 840 Pro
Доколку нем планираш да оверклокуваш тогаш процесорот оди без тоа К. Ако оверклокуваш тогаш во математиката влегува и кулер Cooler Master 412S кој кошта околу 50 евра.
Доколку сакаш да гејмаш захтевни игри тогаш во зависност од буџетот и дали сакаш да оверклокуваш доаѓа во предвид: Radeon 7770, GF 650, Radeon 7850, GF 660, Radeon 7950
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8611
  • Пичлеме
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #76 на: 15 Јануари 2013, 09:47:48 am »
Добар апдејт ќе ти дојди вака. Ем посреќен ќе бидиш ем полесен (во новчаникот полесен, јако е то чувство, увек го имам :D)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #77 на: 15 Јануари 2013, 09:49:37 am »
Ова што го зборува Гојдо го мислев пред некое време. Ама се одлучив на друго да ги трошам парите. И да почекам можеби некој пофин процесор во втората половина на оваа година. Можеби ќе има каков-таков напредок во перформанси ако не ти се брза.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #78 на: 15 Јануари 2013, 09:59:17 am »
Ако не играш графички захтевни игри тогаш решение за тебе е следно:
Z77 матична + i7 3770(K) + 4x4GB DDR3-1600+ + SSD Samsung 840 Pro
Доколку нем планираш да оверклокуваш тогаш процесорот оди без тоа К. Ако оверклокуваш тогаш во математиката влегува и кулер Cooler Master 412S кој кошта околу 50 евра.
Доколку сакаш да гејмаш захтевни игри тогаш во зависност од буџетот и дали сакаш да оверклокуваш доаѓа во предвид: Radeon 7770, GF 650, Radeon 7850, GF 660, Radeon 7950

gOJDO, ако имаш претстава колку би ме чинела оваа комбинација (без оверклокувачки процесор, неам таква намера), пиши ми ПП, колку би ме чинело.

Тенкјуверимач свима :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #79 на: 15 Јануари 2013, 10:09:05 am »
Знам, купив од кај тебе еден Самсунг 830 128 гига. (Трајче Дрварчето овде е Ипкисија Мескоса. Ти спомнав дека ме има и на овој форум) :D
Па шо не ќутиш :D Сега видов дека си пишал во темата, создравје да го возиш.

Ова што го зборува Гојдо го мислев пред некое време. Ама се одлучив на друго да ги трошам парите. И да почекам можеби некој пофин процесор во втората половина на оваа година. Можеби ќе има каков-таков напредок во перформанси ако не ти се брза.
Haswell ќе излезе во средина на 2013, значи кај нас ќе го има во есен. Ќе биде побрз од 3770К, ама не нешто драматично(околу 10% во просек од CPU аспект). Единствен сериозен апгрејд ќе биде графиката(на ниво на GeForce GTS450), но сепак ќе е недоволна за да играш нови игри на прифатливи сетинзи. Од аспект на финансии ќе биде многу неисплатлив во однос на Ivy/Sandy, имајќи во предвид дека новите матични со новите чипсети/сокет ќе бидат доста поскапи, како и самиот процесор.
Од тие причини можно е и јас да го прескокнам HW и да одам директно на BW, ама сега не можам да претпоставам каква ентузијастичка еуфорија ќе ме зафати летово, и секако како ќе располагам со буџет во тој период.

Веле, ќе те обавестам колку тоа тебе ќе те кошта.
« Последно менување: 15 Јануари 2013, 10:20:33 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8611
  • Пичлеме
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #80 на: 15 Јануари 2013, 11:31:05 am »
Знам, купив од кај тебе еден Самсунг 830 128 гига. (Трајче Дрварчето овде е Ипкисија Мескоса. Ти спомнав дека ме има и на овој форум) :D
Па шо не ќутиш :D Сега видов дека си пишал во темата, создравје да го возиш.
Фала, здрав да си. Малиов многу брз, пазам да не согазам некој :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #81 на: 15 Јануари 2013, 16:09:31 pm »
Да прашам и јас нешто во темава, бидејќи се работи за тоа...

Имам:

Intel Core Quad 3.0 GHz
8GB RAM
MB Intel P35
ATi 3870 (или 3850 не знам :)) HD со 512 MB RAM
1.25 TB HDD

Во која насока да би движел апгрејд на конфигурацијава? Може нешто чекор по чекор, или ќе мора се’ одеднаш да мењам?


Ја би се движел во VGA насока ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #82 на: 15 Јануари 2013, 18:18:23 pm »
Куоре можеш да избереш и поглупа насока и да му предложиш. На пример да купи некој уред кој нема воопшто да го упоотреби. Така поглупо ќе потроши пари отколку да ги потроши за графичка која има шанса од време на време да ја употреби, ко шо рече „Повремен гејминг не е на одмет“.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #83 на: 16 Јануари 2013, 02:15:01 am »
Има и поглуп предлог, купи си нов компјутер. Реално процесорот е одличен, меморија има доволно, само една појјака vga и ќе биде ко нов, евентуално и напојување доколку моменталното е заморено.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #84 на: 16 Јануари 2013, 08:33:52 am »
Има и поглуп предлог, купи си нов компјутер. Реално процесорот е одличен, меморија има доволно, само една појјака vga и ќе биде ко нов, евентуално и напојување доколку моменталното е заморено.
Реално поима немаш.
i7-3770 е над 2 пати во просек побрз од Q9650 за обработка на графички и видео материјали, рендање на анимации и слично, што му е приоритет на Веле. А посебно за конверзија на видео формати i7-3770 корне, 4-5 пати е побрз од Q9650.

Покрај тоа со i7-3770 ќе добие нова Z77 платформа со USB 3.0 кое е неопходно за перформансите на модерните USB стикчиња, екстерни хард-дискови и други влезно-излезни единици кои имаат брзина многу поголема од лимитациајта на USB 2.0, и кои единствено ќе се произведуваат во иднина. Понатаму ќе има неспоредливо побрз и поагилен SATA3 контролер така што ќе може да си закачи модерно ССД без да жртвува 30-40% од перформанси со инфериорниот SATA2 ICH9R контролер од P35. Ќе добие и PCI-e 3.0, интерфејс кој денес не му е неопходен но ќе му биде во иднина. Ќе добие и trim supprot доколку се одлучи да вози две SSD-а во RAID0. Ќе добие и UEFI и уште ред други работи.

Да направи апгрејд на графичка според мене е малоумно затоа што ќе има полза од неа само повремено, а за така и постоечката Radeon 3870 ќе му брка работа.
Апгрејд на напојување под непоткрепена претпоставка дека било „заморено“ или ненаспано, според мене е исто така глуп предлог. Ако системот му функционира безпрекорно за кој к*р ќе расфрла пари за нешто кое нема да му даде никаков бенефит? Згора на се, Q9650 троши за 50-60% повеќе енергија од i7-3770 во просек па со апгрејдот само ќе го растерети напојувањето во голема мера.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мислење за компјутерска конфигурација
« Одговори #85 на: 16 Јануари 2013, 14:26:18 pm »
Сам си наметнуваш полемики и си одговараш. Иди кај матичниот и провери да не ти ја утнал рецептата.