Ако струјата ја добиваш од обновливи извори, тогаш има поента греење на струја за да се намали загадувањето. Во спротивно е тешка глупост и не го решава проблемот.
Секако дека количеството "отпадни гасови" не ќе го намалиш многу, ама ако ја произведеш струјата надвор од урбана средина (за жал сега Битола ја отепавме), тогаш рпоблемот ќе го разложиш на поситни проблемчиња што полесно се совладуваат.
Како и да е, потребни се драстични, драматични и строги мерки веднаш. Овие финти со акциза на гориво, и поскапување на паркинг ништо нема да помогнат во состојбата. Но ако ги фатиме за јајца сите учесници во јавен превоз да мораат да задоволат највисоки еко норми, останатите да плаќаат даноци на загадување и да имаат забрани за возење според еко категорија, веќе има муабет. Не е целосно решение ама и 2% да е треба да се спроведе.
И редно е да престанеме да се сожалуваме на немаштијата и да кажуваме дека предност има сиромаштијата над загадувањто и труењето. Ќе седиме дома во една соба, ќе се бањаме во недела и ќе одиме пешки или со автобус се додека е загадено. Од нешто посериозно мора да се тргне.