Аутпутот на моторот не е работната зафатнина, туку ватите. Затоа, ватите се релевантен критериум за споредба на мотори од различен тип.
Токму така, а максималната моќност не е репрезент за ватите, па така не е ни релевантен критериум.
Пак статива. Моментот се конвертира со мењач. За разлика од моќноста.
јок бурда, ти статива. И моќноста се конвертира со мењач. На пример возиш на 3000 вртежи во 5-та и убацуваш во 3-та каде обртот се крева на 4500 вртежи. Автомацки имаш повеќе моќност. Не заборавај дека моќноста е производ од вртежниот момент и вртежите.
Кој рече дека нешто не ми е јасно?
Па од твојот коментар "Помоќен да, но ако ја гледаме максималната декларирана моќност" сватив дека ти ја гледаш максималната моќност, а не моќноста во опсегот на вртежи во кој ќе се експлоатира моторот, а тоа е 2000 до 5000 вртежи при што тој мотор произведува 450NM. Од самото тоа би требало да ти биде јасно дека за да му парира во снага некој дизел ќе треба дизелот да има 560NM на 4000 вртежи. А толку NM можеш да бнараш во табелите на современите 4 литарски турбо-дизели.
Тебе јасно ли ти е дека за мали разлики во перформансите плаќаш големи разлики во цената на експлоатација?
И по 800 страни се враќаме на муабетот дека единствената предност на дизелите е економичноста. Ај читни некој пост погоре што пишав.
Па нели го гледаше она што го прати V? За 1 секунда помалку до 100, бензинецот троши дупло повеќе пари. Тоа за мене не е добар дил. За тебе?
Ако за тебе е добар дил за некој друг не е. На пример татко ми има Аурис 1.4 VVTi од Март 2008. До сега има поминато 29000km, односно по 5300km годишно. Ако купеше 1.4 D4D ќе требаше да доплати 3500 евра повеќе. Разликата во потрошувачка меѓу тие два мотори изразена во пари е околу 250 денари на 100km: 8 литри e просечна потрошувачка на Аурис-от од татко ми до сега, 1.4 D4D на куќен пријател има просек од околу 5.2 или 5.4(не се сеќавам точно), а сервисот на D4D е поскап за повеќе од 100 евра годишно.
Објасни ми како турбо-дизлеот може да биде добар дил во овој конкретен случај.
Колку чини тој бензинец со 450 NM кој го збориш?
Ти одговорив погоре. А каква врска има колку чини конкретното возило? Зборевме за моќност, а не за цени на возила.
Е ај сеа... прво максималната моќност не била релевантана споредба, па сега е релевантна споредба.
Не те сватив што сакаш да кажеш?!?? Максималната моќност е една точка во кривата и не значи ништо и нема никава врска со тестовите правени на зеперф!!! Јас конкретно зборувам за споредбите на забрзувања и меѓузабрзувања каде може да се види кое возило како ќе се испонаша во дадена ситуација.
Сите тие графици се со педала до под, т.е. со максималната моќност за зададени вртежи. И zeperf исто.
Пак не сватив, две работи. Кога ми треба моќност треба да ја отпуштам педалата и да и кажам три молитви на колата и да му баам на моторот?
Максимална моќност која може да ја произведе моторот е една точка во графикот. Што ти значи тоа максимална моќност за зададени вртежи?