по повод вибрациите на дизел или на бензин... денес имав можност да снимам две возила едно до друго како работат.
у лер никој не спори дека дизелот поише се слуша и тресе од бензинец. За тоа нема никаква дискусија, така е и крај.
Но, таа разлика во бучавата не е фиксна, о не! Како се зголемува брзината, така таа разлика се намалува, при нормални „петшеесе у четврта“ градски брзини разликата е многу мала, а при големи брзини дури и преоѓа во корист на дизел (побрзо паѓа под нивото на амбиентален шум).
а дека у лер бенз. е потивок - потивок е. Нов бензинец у лер на семафори едвај се слуша дали работи или не.
Ама кога ќе се разврти на 4000+ рпм (за да добие торк онолкуколку што дизелаш има на 1800!) бензинецот уопште не е тивок.
Па така,
за зададено количество торк, дизелашот е уствари потивок. 200nm дизелски се потивки од 200nm бензински. 100 коња дизелски се потивки од 100 коња бензински, пошто дизелашот ќе ги постигне на помалку вртежи.
Но, затоа, 5-10 коња бензински (возење низ гужви) се многу потивки од 5-10 коња дизелски.
Затоа, за возење
малку километри дневно исклучиво
низ град, бензинецот е избор кој има некаква смисла (ако се земе во предвид пониската набавна цена). Со други зборови, бензнецот е у предност кај скутери, спарк и твинго - под услов да не искачаат на аутопут. Мали возила кои проаѓаат малку километри. но, тие категории ќе идат наскоро на батерии...