331 страна докажување,нервози и расправии кои бил подобар

Мислам дека нема да имаше ни пола од овие страници,доколку секој од нас би можел да си дозволи да поседува некое мрсно дизелче за до работа,за до продавница,за до школо,градинка и останати секојдневни обврски а за праење кеиф,викенд во природа и останати слободно рекреативни активности кои ќе му го наполнат срцето на секој вистински вљубеник во миленичиња на четири тркала да си поседува некое љуто мрсно бензинче.
Сето ова пропратено со финансии да се одржува стрелката за гориво на максимум и никако да не падне подоле од половина и ич да не ти чуе колку троши.
Нормално и финансии за одржување,средување и останати намирници тие возила да ни бидат цело време во совршена форма и барем на едно 5 год. да ги замениме со нови.
Леле што напишав

Ќе си речете овој или сонува нешто или скрос избегал ама сигурен сум дека ова е совршената комбинација
