Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1925018 пати)

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1245 на: 24 Јули 2012, 23:08:48 pm »
Без акумулатор не пали :D

Значи како маздата, така и другарчето твое немале проблем со бензинот, кој бај д веј зимно време боље се пали и боље гори, него си имале проблем со акумулаторот :D

Абе куоре ти со сила мутав се правиш, маздата што ја гледаш на видеото вергла и фрла црн чад низ ауспух додека џетата не успева ни да заврти моторот како ќе запали ако не врти моторот ај кажими. 
И уствари како сакаш мака ми е од терање правини терај си ја алфата со 15 насто потрошувачка секој си мисли за себе мене без пари да ми даваш возило со таков мотор или сличен на него ќе ти платам ама да не го возам :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1246 на: 25 Јули 2012, 00:11:16 am »
да имам уште една кола дома,поло или нешто слично,со 1.4 TFSI или како и да му е ознаката,да ги споредам со ибицата на подолг временски период би било најидеално и најрелевантно за мене.вака,со возени zx 1.8 со 103 KS и 153 nm и Corsa B 1.0,нормално дека TDI ги кине у секој поглед,освен може и крајна ZX-от да е појак.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9195
  • Аstra la vista baby !
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1247 на: 25 Јули 2012, 02:11:58 am »
Ја би бензин, турбо бензин :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1248 на: 25 Јули 2012, 07:38:55 am »
Единствен логичен заклучок е дека турбодизелот ќе биде подобар избор за тој што сеедно му е за забрзувањето и ебените њм,а улога му игра потрошувачката..

На модерните дизели ништо не им фали околу забрзувањето! Напротив, во секојдневните режими на возење лепат на седиште подобро од бензинците.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1249 на: 25 Јули 2012, 07:43:33 am »
Во ептен ладни услови дизелот не пали, бензинецот е чакмак.

тоа важи за продувани дизели со осетно намалена компресија. дизели кои не палат на ладно се неисправни дизели и треба да се поправат или фрлат.

мојата кордоба сди, со поминати 130.000 км, седеше во Рила, БГ, цела недела во планина завеана со снег на дневна температура од -15 а ноќна минус бог-те-пита-колку и запали од прва без никаков проблем.

До сега не ми се десило ауто да не ми запали на ладно.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1250 на: 25 Јули 2012, 07:46:32 am »
Нема везе палењето, АX-от 1.4D со 250 000 и 19 години старо пали чакмак зимо/лето.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1251 на: 25 Јули 2012, 11:44:56 am »
п.с Фаланга,ти зборуваш за 2004 за Пежото,јас зборувам за 1995 за Реното...
Моето Пежо беше 205 од 1998 година 1.6 дизел со 60 коња. Од прва не сакаше за жива глава да запали. Пропрдуваше моторот како да ќе запали ама гасеше. Од втора запалуваше без никаков проблем и моторот пееше на -20 степени.

Жолта сијаличка, налик на воланче ... Мислам дека на секој VW му се вклучува кога има слаб или неприкачен акумулатор ...
Koга давам контакт, се пали, и доколку се е во ред со акумулаторот, се гаси ...

Кај мене на Полото не забележав никаква сијаличка а акумулаторот едвај го завртуваше моторот... ама недоволно.
Тоа со воланчето да не е серво пумпата случајно? Оти во возење мене еднаш ми се случи на полото да се исклучи сервото и едвај да свртам и да избегнам да се удрам во кружниот тек кај Хотел континентал. А на колегата истото кога му се случило светнала жолта сијаличка ама не памти која.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1252 на: 25 Јули 2012, 11:50:06 am »
koga e slab akumulatorot se uklucuvaat mnogu sijalicki, zatoa sto nema dovolno struja za napojuvanje na uredite

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1253 на: 25 Јули 2012, 12:51:07 pm »
Ај сега некој јунак да одговори кои се предностите на турбобензинец во однос на турбодизелаш?

Само ве молам без субјективни карактеристики (звук, филинг, ово, оно...) и без паушални оценки непоткрепени со факти (немал иднина дизелот, нешто сигурно ќе се заебе пошто дизелот е комплициран, тешко се претицало со дизел, не палел на ладно и слични глупости). Ако некој знае да каже некоја несубјективна и непаушална точка, нека ја наведе. Данке.

Мене ми текнуваат само две:

1. за исто киловати бензинецот е поефтин.
2. во лер е потивок

Нешто друго?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1254 на: 25 Јули 2012, 12:53:12 pm »
1. Бензинецот е полесен
2. Бензинецот е поевтин
3. Бензинецот има распоред на силата преку поширок распон на вртежи

Друго ништо нема бензинецот подобро од дизелот.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1255 на: 25 Јули 2012, 12:55:48 pm »
Поефтин сервис, поефтино одржување, поефтино поправање

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34098
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1256 на: 25 Јули 2012, 12:57:13 pm »
Зборуваме за особини на моторите. Не зборуваме за одржувањето. Поевтино или поскапо одржување зависи од локалните цени, од курсевите на валутите, од синџирот на испоракана деловите, нивното производство или слично, односно работи кои не се егзактни и предвидливи па затоа и не влегуваат во критериумот.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1257 на: 25 Јули 2012, 13:03:10 pm »
Бензинец атмосверец под 100 коња (ко 90% од коливе што возат на бензин) не прави НИКАКОВ,ама баш никаков мерак!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1258 на: 25 Јули 2012, 13:05:57 pm »
Поефтин сервис, поефтино одржување, поефтино поправање

znaci ke sporeduvame turbo benziec, so odrzuvanje na atmosferski benzinec?

VO sto e poeftin turbo benzoinecot? Ima poveke delovi od turbo dizelot, poslozen e. Baska turbo benzincite sega se pojavija na pazarot, i mnogu poveke se rasipuvaat od veke dokazanite turbo dizel magarinja.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1259 на: 25 Јули 2012, 13:08:58 pm »
Абе зашто сте такви, одма се фаќате што кој вози. Работата е што сакаме да возиме. оносно кга би бирале најдоброто о конкуренција меѓу дизел и бензин односно во моментов т бензин и т дизел.

Еве јас кажувам дека брзината нема некоја разлика осетна, двете можат со ремапирање да се напраат ѕверови(што го фрла во вода секој атмосаверец, према мене) . Тегнењето кај дизелот дел од секунда почнува порано и завршува порано него кај бензинецот (што е донегде на рамно) . И сега Дизелот троши помалце ама сервис кошта повеќе. Бензинец боље звук дава ама троши повеќе ама па сервис поефтин.

Ова е мое просто гледиште. Ја би т бензин.