Истиот феномен го осетив кога ја возев едно време астрата 1.4 на брат ми. Прима гас до некаде, а после тоа - притискањето на папучата на гас не носи осетно повеќе торк, туку само осетно повеќе галама. Па ај, враќање во цца 3000 рпм, и овој пат претицувањето на шлеперот - повнимателно!
Кај атмосферскиот дизел ништо од тоа нема. Возење позади камионот у петта на некои си 1500 рпм, чекање погоден момент, притискање на папучата за гас и трга... Уште ни до 2500 не стигнале обртаите, више сум пред камионот. За колку точно секунди и десетинки сето тоа се десило - искрено - ниту знам ниту како возач ме занима. Битно ми е да имам предвидлив, рилајабл риспонс на папучата за гас. Дали биле 2.6 или 2.8 секунди во идеално сценарио - ме здоболе патлаков.