@Mecheto, @Loshko,
Значи вас навистина тешко може да ви се објаснат некои работи, или не читате до крај. Никој не вика дека нема забрзување по максималниот торк. Забрзување има, но забрзувањето се намалува. наместо 1G кај 2000 вртежи, имате 1/4 g на 4.000 или 1/8 на 5000 вртежи во 2 брзина да речеме. а од 1000 обрти (од 0g) до 2000 обртаи (1g), забрзувањето се зголемува. Нашиот мозок (тело) тоа што се случува од 1000 -2500 обртаи, тоа масовно зголемување на забрзувањето го третира како нешто што те „лепи за седиште опасно“. И тоа е точно. Но кај бензинците имаш постојано забрзување од 7/8g од 1500-5000 вртежи, и тоа е нешто што нашето тело и мозок го прифаќа како нешто понормално, помалку инвазивно. Но перформансите се подобри. Земете 8 вентилец и 16 вентилец бензинец. со исто торк. 16 вентилецот ќе има подобри перформанси (затоа што на ниски и високи вртежи има поголем торк, иако маскималниот е подеднаков), но 8 вентилецот ќе делува побрутално при возење и забрзување, иако неговите перформанси во секој поглед ќе бидат полоши.
@Loshko, сите модерни бензинци го прават тоа со моментот на сила. Сите до еден. И сите се подбори од споредбените по цена дизели.