Инженерите на BMW по барање на клиентите напорно работат на зголемување на моќноста на дизелот со три турбо полначи кој сега од 3.0 литри извлекува 381 КС и мрсен вртежен момент од 740 Nm.
Моторот се вградува во BMW M550d кој иако до 100 km/h спринтува за само 4,7 секунди или 0,3 секунди поспоро од М5 заради погонот на четири тркала кој го прави потежок, тоа не е доволно сметаат некои од клиентите на производителот од Минхен.
Затоа во подобрената изведба моќноста ќе биде подигната на 420 КС, а моторот ќе дебитира заедно со фејслифтот на серијата 5 која треба да пристигне во втората половина на следната година.
Зголемувањето на моќноста се должи на оптимизирање на работата на трите турбо полначи, на измените во електрониката, но и на други компоненти од моторот кои сеуште не се откриваат.
Дека овој мотор има голем потенцијал наведуваат специјалистите од Hartge кои успеале 3.0 литарецот да го навијат на 438 КС и 850 Nm.
http://vozi.com.mk/vesti/bmw-so-dizel-od-420-ks.html----------------------------------------------------------
zosto ne go krstat kako sto e pravilno:
M530D