Не знам како ги земате толку битни километрите кога за загревање на моторот повеќе влијае начинот на возење, бројот на вртежи и потрошувачката на гориво, а кај мене и дали е парното пуштено. Да земам да „нагазам“ на отворено и мојот дизел ќе загрее слично како на cuore, за некоја минута.
Ама кога бегам од Молика до дома колата ми загрева дури кога ќе стигнам, после ~18км или половина час. Ама интересно, се осеќа и на стрелка и на моторно кочење како загрева.
И трет случај, под -5 на 3-ка парно, на отворено при нормално возење на рамно ми паѓа температурата, радијаторот од парното ми го лади моторот.
