Јас сум пробал. Со стариот дизел проаѓав низ вода далеку над нивото на праговите. Еднаш се случи да се намокри потисната плоча, но колата не застана. И - да - SDI е полн со електроники како и секој друг модерен дизел, само што нема турбо.
Со новата кола не знам - висока е, има голем граунд клиренс, и до сега не сум нелетал на вода која ќе дојде до пола тркало, а не повеќе. Но сигурен сум дека нема да има проблем.
Но, фактот останува: со бензинец мораш многу да пазиш низ вода за да не ти угаси. Со дизел не. Сите застанати коли на ваква и слични сцени, сите до една се бензинци.
offtopic: го читам цитираното и не разбирам: зошто би било добро воздухот кој влага во моторот да биде по топол??