Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 488640 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #690 на: 29 Јануари 2015, 21:49:15 pm »
Зашто мислиш дека тролам? На голф 6 1.6 тди му се смени ребрастиот на точно 203.000км и тоа му е сервисен интервал. Ако те буни со кинезариите и афтермаркетите дека од 30-50000 км се мења немора да значи и дека за фабричките истото правило важи.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #691 на: 29 Јануари 2015, 21:55:17 pm »
И на Саше 91 на аудито во сервисната книшка му пишува дека ребраст каиш се менува на 180 000 км. Мислам дека он лани го промени на инсистирање на Порше македонија на некаде 100 000 км ако не се лажам.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #692 на: 29 Јануари 2015, 21:58:06 pm »
Нашите сервиси за било што на дупло помала километража мењаат и плус со дупло повисоки цени. Уље нагоре (ЕУ) на бензинец се мења на 30.000км, кој не верува немора а кај нас фиксно 10000км за истата кола и истото уље. Бтв ја имам сервисната книшка од пежо 306 1.6 бензин купено во Франција и возено таму до пред 3 години и да ви го покажам и мануалот па да се уверите во муабетиве - пежото на 30.000 има правено сервиси, моментално има 290000км и од промена на промена (10000км) од кога е тука во Македонија губи по ИЧ уље.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #693 на: 30 Јануари 2015, 01:08:58 am »

прво и основно, тоа е според потребите на одржување специфицирани на земјата...

масло, филтри, каиши кај нас, зашто полошо гориво имаме... климата од друга страна од екстремно ниски температури до пеколно високи во летно време... карактеристично за балкан. затоа муабетот 200.000 километри мењање ребраст, туа во мк е брутално удирање со палка у мал мозок... на 150.000 е претерано.. на 100.000 е многу ама ај некако се јаде...

знам како е горе таму негде... ама таму горе негде имаат и други стандарди за квалитет на останатите пропратни елементи кои ги употребуваш во возилото, на прво место горивото и маслата... да не се лажаме, кај нас во мк, скоро ниеден овластен сервис не тура бр.1 масла...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #694 на: 30 Јануари 2015, 01:45:39 am »
Сеуште не ми стана јасно како квалитетот на горивото влијае на издржливоста на каишите и затегачите. Што се однесува до временските прилики би кажал дека последниве години ни летата ни се претерано топли ни пак зимите ни се претерано ладни со големи минуси. Ги прашував и во Порше ова ама се правеа глупави со изговорот таков допис имаме и слични глупости за мали деца. Што се однесува до квалитетот на маслата, јас моето им ги плаќам нив како да е со златни кристали внатре, така да очекувам дека е со оригинален квалитет, ако не е тоа е нивни проблем и нема зошто муштериите наместо на 200.000км да дадат 45.000 денари истите да ги даваат на 100.000км.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #695 на: 30 Јануари 2015, 01:52:15 am »
Онак еве ти за една специфична земја што пише во упатството:

Како што можеш да забележиш дека за Македонија е назначено сервис да се прави на секои 30 000 км.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #696 на: 30 Јануари 2015, 01:58:47 am »
чекај да го најдам од фордот на брат ми утре, исто така официјален е, на македонски и на него пишува 20.000...

значи извлечено од контекст, некакво си упатство за сервисен интервал за промена на масло на едно возило, на еден тип,марка и бренд, (кое не ни знаеме што е и кое е) не е правило за сите возила... различни возила, различни фабрички правила...

башка погоре правевме муабет за ребраст каиш, а не за мењање масло...

а лошо гориво итекако може да влијае на побрзо трошење и ослабување на каиши ребрасти.. ложи детонации, не правилни исфрлања, повртни детонации.. се тоа се удар на ребрастиот каиш кој контролира движење на клип, во сооднос на вентили и палење...

ене го, сеат леон, на 85.000 (и 5,5 години старост, прошла гаранцијата) кине ребраст каиш... во книга му вели 120.000 прва промена... мења се што треба, проаѓа 55.000 и кине пак, а му велат на 80 да дојде да смени пак, така и во книгата пишува...

заклучок, мењајте порано, ако не сакате да ви се смучи во даден момент...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #697 на: 30 Јануари 2015, 02:02:52 am »
Ако можеш да направиш 30.000км во текот на една година можеш да си ја сервисираш на таа км, не смее да ти прават проблем.

Нашите сервиси за било што на дупло помала километража мењаат и плус со дупло повисоки цени. Уље нагоре (ЕУ) на бензинец се мења на 30.000км, кој не верува немора а кај нас фиксно 10000км за истата кола и истото уље. Бтв ја имам сервисната книшка од пежо 306 1.6 бензин купено во Франција и возено таму до пред 3 години и да ви го покажам и мануалот па да се уверите во муабетиве - пежото на 30.000 има правено сервиси, моментално има 290000км и од промена на промена (10000км) од кога е тука во Македонија губи по ИЧ уље.

прво и основно, тоа е според потребите на одржување специфицирани на земјата...

масло, филтри, каиши кај нас, зашто полошо гориво имаме... климата од друга страна од екстремно ниски температури до пеколно високи во летно време... карактеристично за балкан. затоа муабетот 200.000 километри мењање ребраст, туа во мк е брутално удирање со палка у мал мозок... на 150.000 е претерано.. на 100.000 е многу ама ај некако се јаде...

знам како е горе таму негде... ама таму горе негде имаат и други стандарди за квалитет на останатите пропратни елементи кои ги употребуваш во возилото, на прво место горивото и маслата... да не се лажаме, кај нас во мк, скоро ниеден овластен сервис не тура бр.1 масла...

Овластените сервиси си ставаат масла по спецификација и од одреден производител. Така да тука нема утка.

Кои се за тебе бр.1 масла?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #698 на: 30 Јануари 2015, 02:06:15 am »
за мене нема бр.1 масла... за мене има масло кое одговара или не одговара на возилото...

во предвид прво се зима типот на возилото, неговата истрошеност на моторот (пројдени километри) па после се гледа која технологија е по ред на производство, па тек тогаш се гледа кое масло, со која градација ке се употреби... тури селенија во фолксваген, нај често ке го исплука низ ауспух за 3-4.000 километри.. тури го во алфа, ке пее моторот.. тури во алфа, да речеме еурол, ке го снема, ке го потроши... тури еурол во волво или сааб, 100 грама нема да фалат на 10.000...

мислите дека сите масла се исти? иако им пишува иста или слична градација како и код-состав?
па не баш уствари...

еве уште еден мој личен пример... на кавасакито првиот пат да му сменам масло, купив 4 литри еурол, 4Т, високотуражно масло, специјално за спортски машини... го снема пола за непројдени 1.000 километри. мењачот почна да ми штрака и по тежок ми стана... сменив филтер за масло и му турив мотул (фабрички препорачано) пројде 1500 километри, капка не фали од него...

и двете масла беа СО ПОТПОЛНО ИСТА ГРАДАЦИЈА И СОСТАВ.. и двете беа 10-40, и двете беа за високотуражни бензински мотори, со еден збор на декларација БЕА ПОТПОЛНО ИСТИ... е арно ама, не биле исти...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #699 на: 30 Јануари 2015, 02:08:52 am »
Ептен го изврте муабетот, како сервис да се прави кај Тошо во гаража.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #700 на: 30 Јануари 2015, 02:11:32 am »
чекај малку... не го извртев муабетот... некој тука пишуваше дека (мислам дека беше) за флксваген, кога бил да мења масло, ги видел канитчките на кои пишувало ФОЛКСВАГЕН и градацијата пишана... (повторувам не ме фаќајте за збор за брендот).. значи тој сервис добива масло од некаде, специфицирано за тоа возило...

од друга страна, зашто рено моторите им е препорачано да користат само ЕЛФ?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #701 на: 30 Јануари 2015, 02:18:46 am »
Разликата дека негде сервис на 30 кај нас на 10.000км пример, и ти ги посочи маслата и нивниот квалитет.
Ние демек послаб квалитет...

Тука не се сложувам.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #702 на: 30 Јануари 2015, 02:31:05 am »
Кај нас се е полошо според сервисерите:
Масло секаде 30 000 км, кај нас на 10 000 поради горивото
филтер за воздух 60 000км, кај нас 15 000-30 000 км поради загадениот воздух
ребраст каиш секаде 100 000-200 000км, кај нас фиксно на 60 000км поради надворешните темтератури
...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #703 на: 30 Јануари 2015, 08:45:49 am »
Нормално, за да ти ги дуплира сервис А, сервис Б и сервис Ц! Тоа го прават само заради ќар и ништо друго.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6438
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #704 на: 30 Јануари 2015, 09:28:40 am »
ене го, сеат леон, на 85.000 (и 5,5 години старост, прошла гаранцијата) кине ребраст каиш... во книга му вели 120.000 прва промена... мења се што треба, проаѓа 55.000 и кине пак, а му велат на 80 да дојде да смени пак, така и во книгата пишува...

Во книгата освен километрите пишува и на колку години да се менува каишот, односно што настапи прво, кај мене беше мислам на 4 години,
а леонот можеби со 5.5 години тој веќе и ја замина старосната граница за промена (што не мора да значи).  :)

Не знам колку нудат гаранција Порше кај нас за ново возило, ама сакаш нејќиш, во тој рок барем еднаш ќе смениш кај нив,
дали според км или според старост, за да си ја задржиш гаранцијата.

А после тоа секој можи да прави според своите лични убедувања кога да си смени каиш, дали ќе чита книга или ќе го слуша мајсторот.
Jас за мене сега ставив (барем верувам ми ставиле, не видов) цел сет Gates PowerGrip, и добив 2 години или 60,000км гаранција.
Во квалитетот јас воопшто не се сомневам и верувам дека ќе трае едно 90,000 или 120,000км не знам точно колку беше во книгата од возилото,
а бидејќи нема да ги поминам јас тие км ќе направам повторна промена за едно 4 години, без разлика вие овде што пишувате или некојси мајстор што ќе ми речи.

Друго нешто, кај мене, а најверојатно и кај другите е слично, системот за воздушните, и затегачите на појасите (тие работите што експлодираат што знам што се...) треба да се смени на секои 10 години.
Ај да слушнам кој му сменал ова на неговата, болни паѓате за едни вентили, а животот го оставате на: ако се пуштат арно, ако не... свеќата.  ;D