Денес направен редовен сервис на Тојота Аурис 1,4 бензин.
Сервисот направен во Тојота, променето уље, филтер за уље и глицерин за кочници.
1. Глицерин за кочници - 450 денари
2. Моторно Масло 10-40 - 2.400 денари
3. Дихтунг за штопна под картер - 36 денари
4. Филтер за Масло - 600 денари
5. Работна рака за промена на масло и филтер - 910 денари
6. Работна рака за промена на глицерин - 1.300 денари
ВКУПНО - 5.696 денари
Ценава како за овластен сервис ми е прифатлива.
Пристапот е крајно професионален и сум презадоволен.
Самите ми кажаа да дојдам за 10 дена да го променат модулот за отварање/ затварање на прозорите, заклучување на вратите, односно целиот модул кој е на возачката врата.
Искрено се зачудив, и кога ги прашав зошто да се менуваат кога си работат, добив одговор дека знаеле повремено да се укочат или незнам што, па бесплатно ке ги променеле, така им било наложено, а мене нема да ме чини ништо.
Многу профи.
Друго.
Свеќиците се менувале на 30.000 км. а јас имам 25.000 па наместо сега ми викаат истерај, и да поминеш 30к нареден сервис ке ги смениме, свеќиците чинеле 1.500 денари, што е сосема прифатливо за овластен сервис, во Матрикс за Опелот ги платив 1.800 денари.
Иако истечена гаранцијата решив сите сервиси да ги правам во овластениот, пред се поради коректниот однос и прифатливи цени, во споредба со цените кој ги читам за Митсубиши па и други сервиси.