2005 купив нов голф дизел, од салон. 2006 прва "смена" на масло кај застапникот, тогашно са-са.
По неколку месеци ја носам колата странство и се враќам вечерта кога ми светнува таблата за масло.
Вака кога ќе размислам, не ми го смениле маслото воопшто оти следната 2007 год. само што истече
гаранцијата ми откажа клапна, можи од маслото или фабриката рециклирала репариран дел а можно и
застапникот кога била колата таму ми ја извадил мојата и подвалил стара.
Од чаршиски муабети знам дека 2005-2006 година 2.0TDI имаа мака со поголема потрошувачка на масло. Јас имав колега што купи А4 во 2005 година и често возеше за Германија. Се смееше дека секое одење накај Германија, точно после Љубљана му светнуваше да дотури масло
И некои други ми имаат спомнато за тоа.
Јас имав 2007 2.0 Tdi не сум имал таква мака.
Точно дека тие серии трошат, меѓутоа дотурањето кај нов мотор одеше 200-300 мл после 6-7000 км на свежо сменето ново масло. Тоа пред да светни на таблата дека снемува, а обично и немало потреба во циклусот смена на 8000 кој го практикувам.
А со поминати 2-3000 на 3 месеци после "смена" т.е. само наплата без сработено на нова кола под гаранција да светни дека снемува масло, НЕМА ШАНСИ.
Ме заебале намерно или ги мрзело или и обете.
Барем да кажеле, ќе им платев колку сакаат. Ама и тогаш ќе ме дупнеле.
Ѓубриња си се ѓубриња, да им се проклети и парите и најмилото.