Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 553860 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1723
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2250 на: 18 Февруари 2025, 15:26:46 pm »
Во најмала рака, еве вака. Треба ли вработените и сервисерите да добиваат поголеми плати? Тие пари од каде ќе дојдат? Сигурно нема магично да се створат, туку ќе дојдат од продажба на возила и возила донесени во сервис.

Сите сакаме поголеми плати, а не сакаме да платиме повеќе за некој друг да земе поголема плата.

Да да, во Ми-Да кога го однесов Тусонот под гаранција за рѓата, не беше вратен поклопецот на А столбот (така ли се вика тоа на возачка врата), ми ја предадоа така. Кога влегов и им кажав, ме тераа да довозам позади во сервисот и почнаа две деца (проценка имаа 18-19 год) да го лупаат со рака прво, пред да констатираат „еј мора да ја внесеме да средиме“.

Да има квалитет во сервисиве, па да им платиш.

@TylerMkD

Ова е веќе сасвим друга тема на разговор.

При што се слагам со констатираното, потполно.

Баш е во контект на неговата рационализација - ако сакаш квалитет, плати квалитет. Еве јас платив редовен сервис кај нив + имав гаранција, па пак неискусни деца пробаа со боксови да местат столб кој има вграден аирбег во него.

Тоа што го пишува е идеализација, секој знае дека така треба да биде, ама не е.

Не сум сигурен дека се разбираме.

Имено, сега разговараме за цената на услугата, примарно.

Тоа дека за таа цена се добива никаква услуга е апсолутно важно и точно, но и поради тоа што темата е цената на услугата, пишав дека е друг муабет.

Потполно се согласувам дека ај шо е прескапо, туку ни од далеку не е задоволително во однос на квалитет.

Јас го сфаќам и него од кај му е муабетот. Дека Зеро спомна не сме сакале да платиме поскапо. Не, немаме проблем со плаќање поскапо (бар јас немам), ако цената е оправдана и го добијам квалитетот на услуга што треба. И не, не мислам на дали ќе имам климатизирана соба кај што ќе ми донесат кафе додека ја чекам колата. Мислам на тоа дека колата ќе ми ја работат професионалци кои што знаат што прават и кои што знаат зошто го прават, а не само „фрлај нови делови на мотор додека не се оправи“.

Зафатот што треба во понеделник да ја оставам колата да го прават, во овластен да им кажам ќе ме гледаат на криво. Ниту па ќе знаат да го направат.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2251 на: 18 Февруари 2025, 16:13:46 pm »
Апсолутно се сложувам.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2252 на: 18 Февруари 2025, 17:27:31 pm »
Секој еден овластен сервис на било кој бренд во светов, без разлика дали е возило или некоја друга стока, нема помалце маржа на сервис од 70%, и така и треба да биде.
Седнете удрете рачуница па ќе ве прашам, ако ставиш маржа 20-30% нема на крај да излезеш со финансии, само во була влегуваш.
Не рачунате дека од таа маржа, како што пиша Марјан, се купува и редовно менува алат, дигалки, трошок на возила...
Кога тестирате возила, плаќате или не? Треба ли тоа да се покрие?
Многу работи има што не ги гледате, а се реален трошок, да не набројувам натака...

Порше Македонија во 2023 има добивка од 4 милиони евра.
Мак Аутостар во 2023 има добивка од 6,5 милиони евра.
Еуроимпекс во 2023 има добивка од 2,35 милиони евра.
М Кар во 2023 има добивка од 3,56 милиони евра.
Автонова во 2023 има добивка од 3 милиони евра.

Нема математика, точно.


Озбилен си?
Колкав е приходот на Порше и колкав процент од истиот е добивката, види па пиши.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 310
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2253 на: 18 Февруари 2025, 17:50:55 pm »
Секој еден овластен сервис на било кој бренд во светов, без разлика дали е возило или некоја друга стока, нема помалце маржа на сервис од 70%, и така и треба да биде.
Седнете удрете рачуница па ќе ве прашам, ако ставиш маржа 20-30% нема на крај да излезеш со финансии, само во була влегуваш.
Не рачунате дека од таа маржа, како што пиша Марјан, се купува и редовно менува алат, дигалки, трошок на возила...
Кога тестирате возила, плаќате или не? Треба ли тоа да се покрие?
Многу работи има што не ги гледате, а се реален трошок, да не набројувам натака...

Порше Македонија во 2023 има добивка од 4 милиони евра.
Мак Аутостар во 2023 има добивка од 6,5 милиони евра.
Еуроимпекс во 2023 има добивка од 2,35 милиони евра.
М Кар во 2023 има добивка од 3,56 милиони евра.
Автонова во 2023 има добивка од 3 милиони евра.

Нема математика, точно.


Озбилен си?
Колкав е приходот на Порше и колкав процент од истиот е добивката, види па пиши.

Де бе Томица, не си ги открил ти фиксните и варијабилни трошоци....

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2254 на: 18 Февруари 2025, 18:59:58 pm »
Ајде да се собереме во Четврток попладне да се договориме да отвориме Официјален Сервис. Имаме експерти, економисти само уште мајстори да најдеме.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2255 на: 18 Февруари 2025, 19:25:22 pm »
Зафатот што треба во понеделник да ја оставам колата да го прават, во овластен да им кажам ќе ме гледаат на криво. Ниту па ќе знаат да го направат.

Зафатот што треба да го правиш ниту е зафат кој се прави на фабричко возило ниту па има некава врска со истрошеност, изабеност ниту пак е предмет на редовно или периодично одржување пропишано од страна на стручен тим (по календар за периодични и редовни сервиси).
Тој зафат е од аздис и нема никакво оправдување и ниеден од сервисерите ниту имаат обврска ниту пак треба да имаат било какво предзнаење или знаење за она што е надвор од сервисна документација за одреден тип на возило.

И да, нормално е сите да си работат во гаража бидејќи така си зимаат црна пара. Нема обврска кон државата, не плаќа пензиско, не плаќа закуп, не плаќа данок... Што во превод би чинело исто колку и услугата која ја нуди. И да, повторно ако има некој проблем поголем од замена на уље и филтер, вика дека не е моќен пошто нема опрема.
Со еден збор, ке си терам промена на уље и филтри, 5 коли денес по 1000 работна рака, 5000 денари...Кој ти ги дава. 0 денари влог, 5000 денари ќар и муабет како по овластен ги дерат за редовен сервис и рака 1500, и филтри дупло поскапи. Yeah Right.
Се покомплицирано што ги ебам, нек си идат у овластен. .... Нееееее, немаааам јас таков компјутер, една минута работа е, ама овластените се заклучени, се штитат, педери, направија ние со 13-ка, 17-ка и цеваста десетка да не можеме да си работиме поштено....
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2256 на: 18 Февруари 2025, 19:44:52 pm »
Темата доста е затруена посекако да си споделам и јас искуство со мајсторите..
Ја носам колата за промена на хладњак, проба да ме закрпи уште при хладњакот као тој да го најде од доставувач и побара 230 евра а јас истата марка што ми ја нудеше од бугарија го купив за 90 евра.
Ама ајде бидна тоа ја носам колата за промена и му викам кога веќе ќе биде извадено напред се и достапен катализаторот кој знае понекогаш на неколку илјади километри да извади чек енџин за неефикасност и да го снема после некое време исчистете го и него ако може очигледно има некаков проблем.
Одам да си ја земам колата свети чек енџин постојано за катализатор и истиот "исчистен" перманентно односно искршена платината и извадена за продажба. Ама вика сега вака поубаво ти работи колата и повеќе иде а смрди корне на бензин.
Ајде оди докажи се дека има разлика во терминологија меѓу чистење и кршење и вадење.
И така си ја земав колата и отидов си купив нов катализатор. Успат при кршењето маме и ебале и на сензорите во катализаторот па и тие беа неупотребливи.
И нормално никаква фактура што е правено ниту фискална сметка.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1723
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2257 на: 18 Февруари 2025, 19:46:38 pm »
Зафатот што треба во понеделник да ја оставам колата да го прават, во овластен да им кажам ќе ме гледаат на криво. Ниту па ќе знаат да го направат.

Зафатот што треба да го правиш ниту е зафат кој се прави на фабричко возило ниту па има некава врска со истрошеност, изабеност ниту пак е предмет на редовно или периодично одржување пропишано од страна на стручен тим (по календар за периодични и редовни сервиси).
Тој зафат е од аздис и нема никакво оправдување и ниеден од сервисерите ниту имаат обврска ниту пак треба да имаат било какво предзнаење или знаење за она што е надвор од сервисна документација за одреден тип на возило.

Најдиректно, не си сопственик на такво, па многу знаеш дали треба да се прави на фабричко возило или не :) доволен е интернетот да зирнеш на колку луѓе со фабрички мотори им има лизнато ланецот и направено катастрофална штета. БМВ никогаш нема официјално да направат заменски корегиран дел затоа што за луѓето што нив им се битни, односно првите газди под гаранција, ако им пукне моторот, под гаранција се, ќе им сменат беспари :) тоа е калкулиран трошок за нив.

АМА, ако ти си сопственик на возило надвор од гаранција, и се придржуваш на интервалите од производителот, кои инаку секоја година се сѐ поголеми и поголеми, ради еколошки регулации на ЕУ најчесто (во БМВ се стигнати до 30000 километри/2 години), а не затоа што нив им е гајле за дали твојот мотор ќе издржи надвор од гаранција, тогаш искрено не знам што да ти кажам. Очигледно јас и ти гледаме различно на работите, така да слободно одмини ме натаму.

Правиме муабет за официјални сервиси кои што во 2 различни наврати на 2 различни членови на форумов, во 2 различни официјални сервиси, им го утнаа типот и количеството на уље. Недај боже да треба да поправат нешто. :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2258 на: 18 Февруари 2025, 20:04:14 pm »
Соске нервоза, дикеле романтика....

Најдиректно, не си сопственик на такво, па многу знаеш дали треба да се прави на фабричко возило или не :)

Многу лоши претпоставки имаш.

АМА, ако ти си сопственик на возило надвор од гаранција, и се придржуваш на интервалите од производителот, кои инаку секоја година се сѐ поголеми и поголеми, ради еколошки регулации на ЕУ најчесто (во БМВ се стигнати до 30000 километри/2 години), а не затоа што нив им е гајле за дали твојот мотор ќе издржи надвор од гаранција, тогаш искрено не знам што да ти кажам. Очигледно јас и ти гледаме различно на работите, така да слободно одмини ме натаму.

Аиии курафте баксузи....  ;D

Правиме муабет за официјални сервиси кои што во 2 различни наврати на 2 различни членови на форумов, во 2 различни официјални сервиси, им го утнаа типот и количеството на уље. Недај боже да треба да поправат нешто. :)

На нашиов форум ме чуди уште како некому место рибарски чизми не му дале гумен глисер по грешка. И баш само на наши членови тоа се случува. Да, да, и тоа сам кај нас...
А ме чуди и како толку плукање по овластените од кои се нарачуваат ОЕМ делови со 60-70% маржа, а не од кај Африм од Топаана.


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1723
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2259 на: 18 Февруари 2025, 20:23:28 pm »
Соске нервоза, дикеле романтика....

Најдиректно, не си сопственик на такво, па многу знаеш дали треба да се прави на фабричко возило или не :)

Многу лоши претпоставки имаш.

Ако имаш S55 кола, сподели де, не се срами.

Цитат
А ме чуди и како толку плукање по овластените од кои се нарачуваат ОЕМ делови со 60-70% маржа, а не од кај Африм од Топаана.

Не би знаел, не сум земал делови од Африм. Деловите ми се проверени афтермаркет, ОЕМ или бар ОЕ без БМВ логото, во тој редослед. Кој земал од Африм, нека каже.
« Последно менување: 18 Февруари 2025, 20:37:25 pm andrejnaumovski »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2260 на: 19 Февруари 2025, 06:28:50 am »
Neznam so se objasnuvate so trosoci koj so imal, porsche odsekogash e najskap od redovnite ne premium brendovi.
Istiot servis vo citrotekata Avtonovaa vo dekemvri me kostashe skoro 9 iljadi denari. Ovlasten so site trosoci kako Porsche.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2261 на: 19 Февруари 2025, 07:02:20 am »
Секој еден овластен сервис на било кој бренд во светов, без разлика дали е возило или некоја друга стока, нема помалце маржа на сервис од 70%, и така и треба да биде.
Седнете удрете рачуница па ќе ве прашам, ако ставиш маржа 20-30% нема на крај да излезеш со финансии, само во була влегуваш.
Не рачунате дека од таа маржа, како што пиша Марјан, се купува и редовно менува алат, дигалки, трошок на возила...
Кога тестирате возила, плаќате или не? Треба ли тоа да се покрие?
Многу работи има што не ги гледате, а се реален трошок, да не набројувам натака...

Порше Македонија во 2023 има добивка од 4 милиони евра.
Мак Аутостар во 2023 има добивка од 6,5 милиони евра.
Еуроимпекс во 2023 има добивка од 2,35 милиони евра.
М Кар во 2023 има добивка од 3,56 милиони евра.
Автонова во 2023 има добивка од 3 милиони евра.

Нема математика, точно.

Па веројатно добивкава им е од продажба на возила или све е од сервис? :)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2262 на: 19 Февруари 2025, 07:56:38 am »
Ајде да се собереме во Четврток попладне да се договориме да отвориме Официјален Сервис. Имаме експерти, економисти само уште мајстори да најдеме.
ајде зошто да не кога веќе имаш идеа имај муда и реализирај ја ,јас ке заземам учество со 17% вложување..

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2263 на: 19 Февруари 2025, 08:09:33 am »
Па веројатно добивкава им е од продажба на возила или све е од сервис? :)

Во нашата држава многу е познато како се прави добивка.
Добивката се прави со склучување на договори по одреден терк и тоа со државни установи. Нема потреба за понатамошна дискусија. Излишно ќе биде за некој што мисли дека сервисите ги дерат клиентите, а тоа ке оди секогаш во докажување без никаков аргумент и ќе нема крај.

Пари од сервис не можеш да направиш па со опроштење и во онаа работа да се онадиш. Цел живот работам у сервис (околу 25 години), што неовластен, што овластен, и тоа во неколку различни свери. Сервисот е најчесто загуба, а кога си на 0, тогаш значи дека сервисот работел како што треба. Кога си на позитивна нула, си работел со заработка, а кога си со добивка од сервис, па ти си најсреќен човек.

Пари од сервис може да направи како што кажав во мој претходен пост. Со гарнитура клучеви, клуч за замена на филтер за масло. Делови кои ти ги носи муштеријата, влагаш у канал, мењаш уље, мењаш филтри, наплаќаш во кеш, максимум саат време работа и зимаш иљадарче. Немаш вложувања, не ти треба скоро па и никакво знаење и не се замараш. Дури некогаш и свеќици не сакаат да мењаат мајсторите а не па поише.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2264 на: 19 Февруари 2025, 08:27:26 am »
@SaleSk

Со сета должна почит, уште малку и ќе испадне работава дека за жалење се и овластените и неовластените сервиси. За греота, бетер од жените во конфекција за минималец што работат...

Ако е така како што велиш, пари од сервис не се прават, најчесто си загуба и ако си на нула си среќен, тоа како модел би траел 2-3 години макс. Од таа причина, освен ако не си мазохист и немаш потреба да јадеш, пиеш и плаќаш сметки, никој нема да го работи, а очигледно е дека НИТУ ЕДЕН сервис не затворил од што нема работа, туку ИСКЛУЧИВО заради исселување од државава.