Дека тука почна муабетот, ако смета Зеро дека е подобро во темата Официјални сервиси да се премести, за да не му ја реметиме темата.
Да појаснам и да се надоврзам на мојот првичен коментар и ќе биде појасно зошто не ги готивам Порше, тоа датира од поодамна, ова со цените на деловите и услугата е секако плус.
Додека возев Голф 5, го сервисирав во Де Лукс Куманово (овластен за VW) цело време, иако колата тогаш беше (мислам на 2018 година како настан) 14 години стара.
Во Скопје ми се глави ПК каишот (не знам дали имаше врска интервенцијата на компресорот на климата кај Цеко). Се јавувам во Де лукс, имам печат во сервисната за „мобилна гаранција“, ми кажаа слободно јави се во Порше Скопје.
Се јавив во Порше Скопје, се чудеа првин, после 20 мин ми кажаа дека ќе пратат шлеп (еден аматер од онаа страна на Вардар со импровизирано возило).
Стигнавме во Порше, не можеа веднаш да видат што е работа, проверуваа пак како е можно 14 години стара кола да има мобилна гаранција (ваљда јас сум еден од ретките што го рпавел тоа), сакаа а повеќе не сакаа да ми дадат заменско возило.
Додека отидов на локацијата каде беше Шкода (тогаш таму им беше лоцирано тоа за заменски коли), се јавуваат, го нашле проблемот, не му давајте кола.
Се враќам во Порше, ми викаат, мора да се менува комплет компресорот со уште некоја работа, 110.000 денари ако сакаш. Колата беше на исто место каде ја остави шлеп возилото, *бате професионалниот и извикан скап сервис кој тоа го констатира со фрлен поглед во моторниот простор. Немаше простор за дискусија, викнав АМСМ шлеп и правац Цеко.
Кај Цеко, ја отвараат халбата, се вртат накај мене и ми викаат, зошто си плаќал шлеп, зошто не ти го вратиле ПК каишот во Порше, испаднат да ти бил, го наместија за 2 минути и ми кажаа дека слободно може да ја возам колата.
Не било доволно што 14 години било плаќано во овластен сервис за да малку се позамараат, па барем да ја кренаа колата на дигалка, ако ништо друго. За 2 минути работа морав пак да викам шлеп, цел ден изгубен, нервози и за џабе пари.
И тоа ли е по протоколи и стандарди, заколи кого можеш, не се замарај со клиентот да му го местиш ПК каишот, тоа чини 500 денари, вака барај му 110.000 денари.
Ако веќе толку чинат услугите, маржи, протоколи, барем да се врати со малку внимание и време.
Зеро извини уште еднаш за офф, можеби е најдобро во друга тема, ама морав да се надоврзам.