Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 488791 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2175 на: 23 Јули 2024, 22:45:51 pm »
Збораш за на возила кои се спремни за на стаза и вероватно се возат така динамично, нормално е  да го менуваш на нив на две, ако не и на помалце. Го мериш на мерач да видиш дали деградирал ? А овде во официјален за 700 денари незнам шо уствари би менале.
Уосталом убаво е да се препораки ова, а не да те дупат во мозокот дека мора оти ќе ти летне гаранцијата.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2176 на: 24 Јули 2024, 07:42:54 am »
Ај да се кладиме дека возило моделски 5 години старо со несменет глицерин подобро ќе закочи од 30 годишно моделски возило со гланц нов глицерин.

Брат на 30годишно возило шепите се запечени шо да ти кажам, нема глицерин шо ќе ги опрај. Се што е гумица е полупластика направено, нормално дека поновото ќе закочи подобро.

Ама вие шо не менувате глицерин не сте виделе дека и црн се прави, па после слушаш некој абс пумпа менуваше, или некоја шепа.
Еве јас зедов 1Л за 500ден Валволин и планирам да го менувам овие дена, тамам ќе ги размрдам и штрафовите за испуштање, да не запечат.

Препорака за црево за 7мм предна нипла, 8мм на задна шепа?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2177 на: 24 Јули 2024, 08:32:05 am »
@Power to the people

Имам адаптерчиња, ако сакаш да ти пратам...?


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2178 на: 24 Јули 2024, 09:51:47 am »
Ауу браво, ама пак црево ќе ми треба, седи уживај си, ќе се снајдам, да беше од Битола/Прилеп ајде, ама подалеку.... од 8мм има црево, за 7мм треба да размислам посилно.  ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2179 на: 24 Јули 2024, 09:54:34 am »
Ако ти е за обично црево барај по мото придавници. На  Кивејот кај мене е 7мм цревото за бензин, па едвај најдов.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2180 на: 24 Јули 2024, 10:10:18 am »
Ауу браво, ама пак црево ќе ми треба, седи уживај си, ќе се снајдам, да беше од Битола/Прилеп ајде, ама подалеку.... од 8мм има црево, за 7мм треба да размислам посилно.  ;D

ОК, јас сакам да помогнам.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2181 на: 24 Јули 2024, 10:31:17 am »
Оди Хидротек имаш секакви можни црева.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2182 на: 24 Јули 2024, 12:13:04 pm »
Ауу браво, ама пак црево ќе ми треба, седи уживај си, ќе се снајдам, да беше од Битола/Прилеп ајде, ама подалеку.... од 8мм има црево, за 7мм треба да размислам посилно.  ;D

ОК, јас сакам да помогнам.

Фала ти, ама за ситна работа, јас 2 пати до карго и ти 2 пати до карго, да беше нешто поголемо ќе наредевме, вака нема есап, со едно одење ете до хидротек можи ќе завршам работа.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2183 на: 24 Јули 2024, 15:23:18 pm »
Денес имав прилика да земам едно Ајго од сервис, не официјален..беше на менување сет куплунг, цената 900€

Сет куплунг- 250€
Работна рака - 450 €  :'(

Една од причините зошто швабите цел живот рентаат возила (лизинг), а не купуваат.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2184 на: 24 Јули 2024, 15:55:28 pm »
Стегнати се  ;D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2185 на: 24 Јули 2024, 16:03:33 pm »
рента е една работа, али лизинг подразбираш под тоа кога ке дојде проблемот ја враќаат и зимаат нова пак друг лизинг или не ми е јасна шемава а пар пати тој лизинг е спомнат при дефект они ти поправаат или?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2186 на: 24 Јули 2024, 16:08:41 pm »
Лизинг ти е како кредит, само што колата не е твоја т.е неможеш да ја продадеш во меѓувреме и дел од сообраќајната останува кај продавачот, по истекот на договорот 60 месеци на пример имаш опција да ја откупиш, најчесто е тоа голема сума и ретко кој  се нафаќа или да земиш друга нова и така во круг цел живот. И најчесто земаат таков лизинг кој со минимална месечна доплата им покрива и сервиси/дефеци и не се замараат со поправки, бидејчи реално скапа е многу работната рака.
Затоа јас се спремам за замена на лагер во домашни услови/паркинг  :) За едноставна работа ќе ми земат 100€ сигурно.

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2187 на: 30 Септември 2024, 15:42:57 pm »
Здраво на сите опелаши (и шевролетовци). добив порака од Олимпија сервис дека грижата за моето возило ќе се префрлела во Аутомакедонија, и баш и од АМ ми се јавија кога сте како сте за сервис

има некој подетална информација шо се случи со Олимпија? немат ништо на ФБ ни на веб. Искрено од АМ избегав веќе еднаш (цена на филтер за полен 4000мкд, само делот без услуга), така да не сакам да се враќам пак кај нив

Иначе имам Антара, и некој од "приватњациве" не се баш ентузијасти да носам кај нив.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2188 на: 30 Септември 2024, 15:51:57 pm »
Антарата е прилично лесна за одржување. Секој локален мајстор може да ја сервисира. Ја имсвме 7 години во фамилија, без некаков посебен дефект освен црева на турбина.
Нека ти препорачаат Битолчани добар сервисер.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2060
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2189 на: 30 Септември 2024, 17:02:30 pm »
Јас колку што знам Олимпија продава само не сервисира