Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 556811 пати)

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1965 на: 21 Јануари 2023, 08:21:11 am »
Тоа и во тукашните сервиси (во Германија) некои го прават тоа и е релативно прифатена практика. Јас не сум пробал ама сум читал позитивни искуства и од таа работа.

Јас не сум имал лошо искуство со официјални и неофицијални сервиси. Би рекол сите искуства ми се добри. Цените, европски. Услугата добра до одлична. Во декември кога ја носев тојотата на редовен сервис, со главниот сервисер ја погледнавме заедно од секаде и ми објасни што ќе се прави, како ќе се проверува, што ќе се заменува и колку ќе чини целата процедура.

Дури и во  Македонија во Тојота имав позитивно искуство со сервисот. Освен што се договоривме да бидам прв во 8:00 и пред очи ми шмугнаа друг пред мене на недоговорено.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1966 на: 22 Јануари 2023, 21:49:59 pm »
Редовен сервис во Тојота:

Материјали си купив сам, 6 литри уље и 3те филтри (воздух, уље, кабински).


Wait. wait. wait.

Како тоа во официјален сервис со свои матерјали?
Без никаков проблем, напоменав само дека ќе си носам мои материјали и тоа е тоа. Колата е вон гаранција, не знам зошто не би ми било дозволено.

Sent from my Mi A3 using Tapatalk


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1967 на: 23 Март 2023, 00:16:31 am »
Препорачајте автомеханичар/сервис за шевролет спарк. Треба да се прави голем сервис, мал сервис и за идни работи.
Локација Скопје.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1968 на: 23 Март 2023, 01:14:34 am »
Препорачајте автомеханичар/сервис за шевролет спарк. Треба да се прави голем сервис, мал сервис и за идни работи.
Локација Скопје.
Механика Влае, препорака од другар

Sent from my Mi A3 using Tapatalk


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1969 на: 23 Март 2023, 16:17:46 pm »
Препорачајте автомеханичар/сервис за шевролет спарк. Треба да се прави голем сервис, мал сервис и за идни работи.
Локација Скопје.
Механика Влае, препорака од другар

Sent from my Mi A3 using Tapatalk

Каде е ова механика влае? На гугл не вади резултати.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1970 на: 23 Март 2023, 20:01:56 pm »
трета македонска бригада позади тинексот улицата

Отсутен Xcypr

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1971 на: 10 Април 2023, 16:36:45 pm »
Препорака за добар сервис бмв се работи за редовен сервис.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1973 на: 10 Април 2023, 18:12:46 pm »
Препорачајте автомеханичар/сервис за шевролет спарк. Треба да се прави голем сервис, мал сервис и за идни работи.
Локација Скопје.

Мегатрон Ауто - зад Stop&Go, ги владеат добро Спарковите и ги имаат сите резервни делови. Ама кога ќе дојде време за штелување на вентили ти ги препорачувам само Аутомакедонија, 1500 денари кошта(ше). Пиши ми ПП за детали

Отсутен Славчо

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1974 на: 18 Април 2023, 00:32:22 am »
Здраво дечки, прво да се пофалам, купив Пежо 3008, 2017та година.

Со оглед на тоа што до сега возев коли по 15-20 години стари (за кој не се замарав многу со сервиси, само по потреба) ова за мене е прилично нова кола и сакам да ја одржувам на највисоко ниво.

Колата е од Autowelt, што значи е увезена. Прашањето ми е дали да ја сервисирам во овластени сервиси и која е предноста или разликата? Планирам да и правам голем сервис веднаш иако според историјата каишот може да почека некој 20-30к километри. Освен уље, филтри, каиш што би можел да "освежам" во возилото?
Исто кој сервис би ми го препорачале за Пежо? Инаку сум од Струмица.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1975 на: 18 Април 2023, 09:08:10 am »
Прво и основно - честито! Ти посакувам многу среќни километри!

Бидејќи се работи за релативно ново возило, јас би ти препорачал да отидеш во овластен сервис, барем за темелна контрола, па ако треба и за сервис да се направи. Да, сигурно ќе биде поскапо, но сепак треба да ја видат колата луѓе што навистина се разбираат. Ќе мораш да дојдеш во Скопје, ама сигурно можеш да си закажеш термин за да не чекаш.


Отсутен Славчо

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1976 на: 18 Април 2023, 14:38:29 pm »
Прво и основно - честито! Ти посакувам многу среќни километри!

Бидејќи се работи за релативно ново возило, јас би ти препорачал да отидеш во овластен сервис, барем за темелна контрола, па ако треба и за сервис да се направи. Да, сигурно ќе биде поскапо, но сепак треба да ја видат колата луѓе што навистина се разбираат. Ќе мораш да дојдеш во Скопје, ама сигурно можеш да си закажеш термин за да не чекаш.

Благодарам.  Сервисот на Авто чајка во Штип не спаѓа под овластен? Дека ми е поблиску.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1977 на: 18 Април 2023, 14:45:13 pm »
У Тетово е овластен, вероватно и у Штип е, исти газди се.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5205
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1978 на: 18 Април 2023, 21:01:48 pm »
Za Cajka neznam ama so Euroimpex imam pozitivno iskustvo. Normalno ceni i usluga

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Xcypr

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Некој искуство со сервис Зетов за бмв