Бев со еден пријател до еден сервис да ја остави колата и имаше еден Голф VII 2.0 тди 2014 година, качен на дигалка, голема беља го снашла човекот, одрон на пат, камењата му го скинале картерот, не можел веднаш да сопре (што заради конфигурација на терен, што заради други причини), ја возел човекот „уште малку“, потоа ја донел колата кај мајсторот (одличен мајстор за VW групација), мислеле само картерот е проблем, го средиле (завариле) ама при прегледот виделе дека филтерот за масло бил полн со шпончиња, дури после и парчиња метал биле извадени, во превод цел мотор бил разлупан, стварно голем малер.....човекот сакал нов мотор да стави и само Порше може да го обезбеди, цена на мотор 680.000 денари (околу 11.000 е), и турбото било отидено, цена за турбо околу 140.000 денари (околу 2.000 е), цена на овие коли, тоа годиште околу 13.000-15.000 е.....тука најпаметно би било да се најде половен мотор, другото ми изгледа сосема неисплатливо....да не ти се верува