ене го, сеат леон, на 85.000 (и 5,5 години старост, прошла гаранцијата) кине ребраст каиш... во книга му вели 120.000 прва промена... мења се што треба, проаѓа 55.000 и кине пак, а му велат на 80 да дојде да смени пак, така и во книгата пишува...
Во книгата освен километрите пишува и на колку години да се менува каишот, односно што настапи прво, кај мене беше мислам на 4 години,
а леонот можеби со 5.5 години тој веќе и ја замина старосната граница за промена (што не мора да значи).
Не знам колку нудат гаранција Порше кај нас за ново возило, ама сакаш нејќиш, во тој рок барем еднаш ќе смениш кај нив,
дали според км или според старост, за да си ја задржиш гаранцијата.
А после тоа секој можи да прави според своите лични убедувања кога да си смени каиш, дали ќе чита книга или ќе го слуша мајсторот.
Jас за мене сега ставив (барем верувам ми ставиле, не видов) цел сет Gates PowerGrip, и добив 2 години или 60,000км гаранција.
Во квалитетот јас воопшто не се сомневам и верувам дека ќе трае едно 90,000 или 120,000км не знам точно колку беше во книгата од возилото,
а бидејќи нема да ги поминам јас тие км ќе направам повторна промена за едно 4 години, без разлика вие овде што пишувате или некојси мајстор што ќе ми речи.
Друго нешто, кај мене, а најверојатно и кај другите е слично, системот за воздушните, и затегачите на појасите (тие работите што експлодираат што знам што се...) треба да се смени на секои 10 години.
Ај да слушнам кој му сменал ова на неговата, болни паѓате за едни вентили, а животот го оставате на: ако се пуштат арно, ако не... свеќата.