Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 469560 пати)

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 191
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1770 на: 27 Февруари 2022, 03:41:46 am »
loopz и да не правеше сервис во порше туку во некој друг неофицијален пак ќе те тераше 122 000 км без проблем и модрича максима масло да имаше .Овде на лож нафта ги возат голфовиве 4 ки дизел и тоа ги убија од возење ништо не им е
Само истиот сервис што ќе ти го наплатат 8000 (мал сервис) нема проблем ама ако е на пр. 600 ден литар масло сакам масло од кутија неотворено, а не од буре рефус што 200 пати се отвора и затвора и се полни во босна и бугарија.
Тебе ти наплаќа како кутија од литар а ти става од буриња кое го набавува мн поефтино, или филтер за воздух 1500 ден а ставен најефтин полски 10 еу регуларна цена.
И друга работа што не ја спомнав речиси никој поголем сервис не врши поправка, сите само  дијагностика и а те видат со постара кола одма мотор нов да најдеш, вентили ако се раштимани готово, ремонт , анласер да ти репарира боже господе,, само нов 500 еу или па да имаш врски со газдата и да чекаш месец и повеќе.
Има многу квалитетни мајсторчиња што се излезени од поголемиве сервиси и работат по дома или пак приватно си тераат и доста квалитетно и ефтино работат.
И не заџабе со поскапи БМВ, Мерцедеси одат во Солун да ги сервисираат
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 194
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1771 на: 27 Февруари 2022, 08:06:16 am »
Edno prasanje do site sto imat novi vozila seuste pod garancija, posebno do onie so Skoda. Kolku in veruvate na oficijalnite servisi deka vi stavaat ulje koe sto treba a ne nekoe poeftino , mozebi so ist viskozitet no ponekvalitetno. Ste prisustvuvale li nekogas na servis da vidite sto pravat, dali zemaat neotvoreni kanti ulje ili se veke otvoreni koga go stavat i sl. Jas licno voopsto ne im veruvam, na opelot na prviot servis vo 2008 mi stavija 10w40 i taka i go zapisaa, iako pisuva deka za toj motor mora da bide 5w30 .

Имаш трауми од Опелот во 2008-ма, па се плашиш за Шкодата во 2022?

Намерно официјалните сервиси се со стаклени прозори, да можеш да гледаш.

Bas taka, tocno. A makedonceto i preku staklo ke te zaebe, ke najde nacin.

« Последно менување: 27 Февруари 2022, 08:14:00 am Aleksandar90 »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1772 на: 27 Февруари 2022, 08:58:58 am »
Се измешаа брзините :)

Прво се почна со немање потреба од  гаранцијата за нова кола, за потоа да се продолжи со примери со носење 15 годишни кршови во овластен сервис.

Додека е нова колата и под гаранција има милион работи што можат да паднат во дефект кои бесплатно се менуваат, па сега видете дали се исплати зашпарување 2-3000 годишно на мал сервис.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3675
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1773 на: 27 Февруари 2022, 09:14:13 am »
На фиат дукато на 9.000 кине клинест каиш, на 50.000 км ја пуни турбината со уље, стража сум ја ксчувал во 3-та со 30кмх штета што не зариба....Комбето е под гаранција така да ете како се исплати гаранцијата само што на товарните е 2 години или 100.000 км

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1774 на: 27 Февруари 2022, 10:10:30 am »
доколку имаш механичар кого го познаваш или некој кој работи во сервис а ти е близок зошто да не ја однесеш кај него,, јас барем до сега нова кола не сум имал но и ако би земал нова најпрво би ја сервисирал кај мој човек без разлика на гаранции и чуда ,инаку и чичко ми зема 2012 год Шевролет Круз од овластен салон промотивен примерок 1,5 год стар со 15 000 км и договорија да му направат сервис пред да го земе. Кога ја зеде провери масло и филтери ништо не сменето а заведено во сервисна, и од тогаш не ја однесе повеќе во овластен сервис и покрај гаранцијата .  Е сега има и добри овластени сервиси ма да и доста добри  мајстори работат и приватно денеска а се излезени од овластениве сервиси.

Хипотетички - даваш 20.000 Евра за ново возило. За да заштедиш 50-тина евра годишно на сервис, ќе одиш кај „твој човек“ и ќе ризикуваш доколку имаш посериозна беља (а не дека не е можно), да треба да ја платиш од свој џеб бидејќи си ја изгубил гаранцијата?

Мене на Голфот на околу 30.000 км (и на два месеци излезена кола од гаранција) ми цркна EGR. Со влегување во limp mode, со све. Извозев до Порше, пријавив дека колата е во limp mode. Си направија дијагностика, си активираа (и добија одобрување за) Куланца (процес каде Porsche Holding - не нашиве тука, па не е дека јас сум добил некаков посебен третман - одобрува вон-гаранциска поправка за кола која е редовно одржувана и релативно блиску до гарантен период) и бесплатно го сменија EGR-от кој инаку ќе ме чинеше околу 36.000 денари + работна рака.

Ти си знаеш... За мене, гаранција е прекрасна работа, и за сѐ поскапо што купувам гледам дали има опција за некаква продолжена гаранција.

Отсутен goran2406

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1775 на: 27 Февруари 2022, 12:17:58 pm »
Купуваш нов автомобил - нормално дека додека е под гаранција ќе го сервисираш во овластен сервис.
Не е разумно да изгубиш гаранција.
Сите поголеми сервиси земаат масло во буре поради пониска цена. Дури и локални неовластени сервисери додека работев во Мега ауто партс земаа 20л и погоре буриња од различни брендови Манол, Арал, Кастрол итн. Не значи дека ако е од буре добиваш чкљ роба.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1776 на: 27 Февруари 2022, 13:14:43 pm »
Јас да споделам мое искуство, 2011 купив Голф 5 1,6 бензин со 70.000 км поминати, до тогаш цело време сервисирана во овластен (Порше и Де лукс). Продолжив и јас наредни 7 години (во Де лукс) до кај скоро 170.000 км.

 Можеби бев еден од ретките што кола, тогаш веќе, 15 години стара ја носев во овластен.

Немав ниту еден механички проблем за тоа време.

Во овластениот одев само за мали сервиси и еден голем.

Надвор од редовното е тоа што сменив компресор за клима (фабричка мана) ама тоа го направив кај Цеко за 18.000 ден, во Порше ми бараа околу 70.000 ден. Кај Митревски еден стабилизатор Лемфордер 1500 ден, во Де лукс мислам околу 2400 ден ми бараа.

По моето искуство, можеби најдобра е комбинација мал и голем сервис во овластен, за останатото проверен специјализиран сервис за тој тип кола (како пр Митревски за VW). Инаку во Митревски имав голема доверба, сега да имам понова кола од таа групација кај него би правел се, затоа што забегаа со цените овластените.

За гаранциите нешто, на мои познаници, на Киа со 25.000 км и 2 години стара почна да покажува знаци на сет ламела и е заменето сет комплет во гаранција. За нови коли си вреди гаранцијата, посебно затоа што чест случај е да имаат фабрички фалинки.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен goran2406

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1777 на: 27 Февруари 2022, 13:54:15 pm »
Додека трае гаранција во овластен, после тоа по своја волја. :)
Факт е дека истите делови можат да се набават далеку поефтино, но си треба и добар механичар.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1778 на: 28 Февруари 2022, 07:46:58 am »
Шкода и ФВ, една гаранција шо нудат од 2 години дури, и фактички еднаш одиш на сервис. И да не сменат масло и филтри ништо нема да му биди.
После тоа пак ако ја носиш и пак не менуваат, и да му биди, немаш гаранција.  ;D  Политика на ниво.

Оди во Киа и 7 години масло да не ти сменат да пробаат...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1779 на: 28 Февруари 2022, 09:34:30 am »
Шкода и ФВ, една гаранција шо нудат од 2 години дури, и фактички еднаш одиш на сервис. И да не сменат масло и филтри ништо нема да му биди.
После тоа пак ако ја носиш и пак не менуваат, и да му биди, немаш гаранција.  ;D  Политика на ниво.

Оди во Киа и 7 години масло да не ти сменат да пробаат...

Си доплаќаш ако сакаш за 5 години гаранција.

Јас си доплатив и на Шкодата имам 5 години гаранција меѓународна.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1780 на: 28 Февруари 2022, 10:00:41 am »
Па добро, за 600€ да не го плаќаат тие цел дефект ако излези, вака 100души плаќаат, на 10 ако му излези проблем, па со тој буџет покриваат. Уствари меѓусебно се држите, Шкода можи само ќар прави.   ;D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1734
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1781 на: 28 Февруари 2022, 11:33:46 am »
Па добро, за 600€ да не го плаќаат тие цел дефект ако излези, вака 100души плаќаат, на 10 ако му излези проблем, па со тој буџет покриваат. Уствари меѓусебно се држите, Шкода можи само ќар прави.   ;D

Смешно е реално зборено, се доплаќа за 5 години.  Буквално како што кажа они сами си ја покриваат гаранцијата.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1782 на: 28 Февруари 2022, 12:10:18 pm »
Кога сте на тема гаранција, тука еден колега има земено нов Nissan Qashqai и има 5 години гаранција, со тоа што треба да прави секоја година сервис кај нив кој кошта 700 €  :) Некако нема логика да мора да платиш уште 3 500€ за 5 години, за кола што си ја платил 25К € баш за да си рает и да немора да плаќаш поправки...ама тоа е. 

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1783 на: 28 Февруари 2022, 12:10:51 pm »
Ако сакаш, брат. Не мораш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1784 на: 28 Февруари 2022, 12:14:29 pm »
Како  е тој сервис од 700 евра?