Баш ми е мило што ве заинтересира количево, еве ќе оддвојам малку време да ги напишам моите досегашни импресии.
Моторот е 1.0 со 60кс, 3 цилиндри, воопшто неимпресивна машина, но за градска вожња е солиден. Слабостите најмногу му се приметуваат на угорници, на претекнување на автопат и кога се возат 3-4 луѓе.
Мењачот е една од најголемите, ако не и најголема, слабост на колата. Би го карктеризирал како катастрофално лош. Прво брзините се премногу долги и треба доста да се исфорсира моторот пред да сменам во поголема брзина за да извадам некои нормални перформанси. Второ понекогаш не влегува во прва брзина, заглавува на пола пат па морам како на Југо да земам залет од втора накај прва за да убацам
Трето шалтерот има многу долг од па ако сте навикнати на брзо менување ќе ви треба некое време да се навикнете на овој шалтер. Четврто што не би дошло маана туку повеќе интересен факт: рикверц не е горе лево како на другите Сеати туку е долу десно.
Кога веќе почнав со негативностите, да продолжам, па после за добрите страни. Иако би рекол дека е една од најопремените и на изглед најквалитетна кола од таа класа, сепак има некои ситници кои цело време те потсетуваат каква класа на кола возиш и ја прават да изгледа ефтино и мизерно. Да почнам од тоа што најмногу ми пречи: прозорите. На возачката страна има само едно копче - за прозорот од возачката страна, другиот прозор се отвара само со копчето на другата врата. Исто така нема автоматско отварање и затврање на прозорите, туку мора да го држам копчето додека не се отвори/затвори прозорот. Светло внатре, освен тоа што е горе кај ретровизорот, нема никаде, нема во фиока, нема во гепек. Во гепекот нема куки за врзување мрежа, теписонот кој го покрива гепекот не е голем колку целиот гепек туку е малку помал па се гледа металот од страните (WTF). Метал се гледа и на вратите и на страните позади. Воланот се подесува само горе/долу, не и во длабочина. Радиото нема bluetooth (барем има aux) и нема команди на волан, ама затоа пак звучници има и напред и позади и се доста јаки како за фабричко озвучување. Не знам колку заштедиле на овие ситници али јас со задоволство би доплатил до 500 евра за да ги имам овие мали детаљи. Или барем да влегуваат опционално, со доплата, сега дури и во најопремениот модел мислам дека работите кои ги спомнав погоре ги нема.
Ај сеа малце позитивни ствари
иако измрчив многу за мењачот, барем има солидна крајна брзина
најмногу имам постигнато ~180км/час на блага удолница, на рамно максимумот е околу 160 на околу 4-4200 вртежи. Бучавата внатре е многу мала, би рекол најмала од таа класа, барем од тие коли во кои се имам возено, а можеби и на ниво со коли од повисоки класи. На подолги патувања е милина за возење особено затоа што има cruise control, комотно е за четворица да се возат, позади има доволно место за двајца, предните седишта се многу удобни. Вентилацијата во колата е феноменална, на централната конзола од горната страна е поставен еден поголем отвор за вентилација кој воздухот го издувува нагоре под некој агол кој го носи позади што е перфектно решение за да се излади/загрее задниот дел од колата. Од страните има 2 стандардни отвори за вентилација, преку лето со клима (која е мануелна) и во најтоплите денови внатре е многу пријатно. Моторот можеби е слаб, но затоа е многу економичен. Бордот ми покажува дека троши ~5-5.5 литри на 100км, но бидејќи веднаш ставив плин, троши 8 литри плин на 100км (низ град поминав 500км со 40 литри). Внатрешноста е многу добро дизајнирана, пластиката е мека и не изгледа ефтино. Надворешноста е прашање на вкус, мене ми се допаѓа, особено предниот дел.
Се на се јас сум многу задоволен од количето
некои од мааните ги знев и пред да ја купам, некои работи кои не ги знаев малку ме разочараа, но затоа пак други, позитивни работи, пријатно ме изненадија. Ако сте на ум за купување количе од оваа класа, не пропуштајте да ги проверите Mii, UP! и тоа на шкода како и да се викаше.