Гледаш заебана ситуација е стварно не знам што да ти препорачам
Ако најдеш соодветен спреј за шини можеш да ги испрскаш (силиконски, сув или влажен, не се сеќавам, ќе пишува во упатството) шините, тоа би му било за секој случај. Може да е шината поготово ако е мааалку разлабавена пример или лошо заклучена па да цивка.
А одоздола рака да ставиш и нагоре да прскаш...Што знам, седиштето не верувам дека е скроз отворено со пружините туку има пластики машинчиња за каишот итн итн не знам колку ефективно ќе биде тоа.
Идеално би било...да се извади седиштето (не е голема работа) и да се види одоздола со некој кој барем ја разбира оваа тематика...И тогаш да се прсне или да се стави некој подмачкуваш соодветен за тоа.
Ако сакаш да пробаш и имаш пристап до пружините и железните делови под седиштето, испрскај со сув силиконски спреј нема ништо лошо во него неможеш беља да направиш пошто тој е добар за користење и за електронски инсталции итн и за пластика и за метал. Јас даш-бордот го прскам со таков силиконски и дава супер ефект, ги нема оние крцкања на сонце што се јавуваат кај пластики што се допираат.