Ајде здраво..ми здосади учење а го пратам форумов секојдневно и читам све и свашта..па реков ај да утепам малце време на темата моја..
бтв голфчето возеше напорно цела сезона, направивме преку 212 илјади километри и пред околу месец дена се направи некој сервис, замена на ребраст каиш, клинаст, каиш на сервото, некои затезачи што одат заедно со овие заебанции..Овој сервис го планирав наредната година пошто од прошла измена имав поминато околу 30 000км...али..Еден сончев ден почна да вергла подолго пред да запали моторот и откога запали слушав некое тешко тракорење, ко да ми го сменил некој моторот со некој кец
и нормално, право кај верниот ми механичар и он у прв слух и поглед установуа дека некој подизач на вентил е заглавен или ребрастиот е демек нешто разместен или што знам...не сакав да се отвора моторот, ама си реков му дојде време најверојатно ако е тоа со вентилите...али...по пола ден ми се јави механичарот и ми кажа дека нешто со ребрастиот било и после тоа напраивме измена на сите можни работи што одат уз голем сервис..
Проблеми? Увек раскажуам ко све да е тип топ
имав проблем со петтиот цилиндер за кочење, така што на технички едното од задните тркала не кочеше како што треба, па нешто се искомбинира, измени и сега е рамномерно кочењето..али искрено ме измалтретира неколку пати одење до механичар, па до технички па ваму па таму...и да, најверојатно ќе мора да се менуваат гумици на вентили пошто приметувам на утринско палење дека знае да пушти бел чад низ ауспух за момент, што мислам дека ми ја зголеми и потрошњата на улје за неколку 100ци децилитри..ништо страшно..ова беше лошата страна на германецот
Па дојде регистрација, па редно беше да се сменат и предните амортизери, поставив Sachs заедно со одбојници и други тракатанци што идат уз нив..и центрирање на предница..
Кога го собрав од таму, си работаше ко саат као што и си работеше и како што и работа и ден денес..
Така после тоа го исполирав со некој си восок од К2 и блесна за момент
па му ги изменив сијалиците од таблицата со лед и се уклопи осветлувањето со ксенонот..не знам дали напишав некаде претходно..уште ми треба за внатрешноста лед осветлување и планирав нешто за гепекот да склопам, али здравје...
па за среќа најдов кутија за старото ми далинско кое пола ми беше распаднато и тоа се измени, кое што изгледа ваке нешто:
и после тоа следеше некоја фотосесија у еден подземен паркинг
ми треба подобар апарат за ноќно фотографирање..се разбира, претходно излицкан максимално
зумирано
Знам дека му фали спуштање, поголем бандаж, да се тргне куката и да се склопи фин издув...тоа ми се планови меѓу кои и размислувам за маска без знак и можни затемнети предни жмигавци, катадиоптери и магленки од Јуби ГТИ..али здравје..
Влегов у зделка за трампа на моиве си 14ки со 15ки бандажи со гуми, али премногу малку време ми преостана за да размислам и да направам некој потег...и за момент, баталив тоа и остануа сега за сега у ваква состојба...
Зашто?
Се разделив од голфот од септември годинава..
заминав на студирање надвор од Мк и сега моментално татко ми го одржава со викенд вожња дур се вратам па ондак продужуаме..
добрата работа е што мислам дека ќе можам да остварам повеќе планови ко ке се вратам....