Автор Тема: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw  (Прочитано 3055 пати)

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« на: 09 Јули 2016, 15:12:55 pm »
Откако начекав малку повеќе слободно време ред е да си го претставам Стилцето. Увоз од Италија. Купена од прв газда таму, пријатели сме си на ФБ. Тој ја купил од Лучесоли и Масиери во Наполи во 2005 година, ја одржувал во Фиат - скудерија Анкона со богата сервисна документација. Сега има 205к + поминати километри. Последниов сервис го заменив зимското масло 0w30 на Агип со Repsol 5w40 од Макошпед со што преминав на масло со поголема густина, погодно за летни услови. Ставени нови ремени на Гудјиер и нови филтри. Прочистување на ЕГР и Маф на есен, пред големите заладувања. Потрошувачката зимно и летно време е околу 6.2 литри на 100 км. поради греење/ладење, а пролет и есен се спушта околу 5.7 л/100км. На отворен пат со брзина до 110км/ч потрошувачката е 5 литри. Тазе сменети чаури на заден трап и нишанета кај Аце (сервис Мето) и сменет држач на мотор/менувач со новиот модел. Промената на држачот ги смири сите вибрации кои се чуствуваа во кабината и дава и ефект како да го стиши моторот. Не е со „Фул“ опрема туку е Динамик пакет, што е далеку од Престиџио, Шумахер, Иксбокс, Абарт и тн.

Технички карактеристики:

Мотор: 4 цилиндри во 1910 кубни сантиметри кои даваат 85 KW @ 4000 RPM, Common Rail Diesel. Максимална брзина 192 км/ч а до стотка за 10,3 секунди. Преден погон со мануелен 5 степен менувач.

Опрема:
Според брошурата Стилото е со Динамик ниво на опрема, што содржи:
3x3 point rear seat belts/ каиши на задна клупа
ABS
Body coloured bumpers/ браници во боја на каросеријата
Full size spare wheel/ резевно тркало во полна големина
Pinifarina Sports seats/ спортски седишта од Pininfarina дизајнерска куќа
Cloth seat trim/ платнени седишта
Air conditioning/ клима
Driver`s airbag
Passenger`s airbag
2 Side airbags
City steering assistance/ Серво за низ гртски сообраќај
Electric mirrors/ електрично подесување на ретровизорите
Heated mirrors/ одмрзнување на ретровизори
40/60 Folding rear seats/ преклоплива задна клупа 40/60
Front electric windows/ електрика на прозори
Front fog lights/ предни магленки
12 spike 16" Alloy wheels/ 16 инчни фиатови алуминиумски бандаши со 12 краци
Stull 3 door wing/ Кус спојлер на гепекот
CD + CD changer/ Фабричко радио со ЦД плеер и дополнителен ЦД шаржер
Trip computer/ патен компјутер
Service indicator
Height adjustable drivers seat/ подесливост на возачко седиште
Isofix child seat anchor points/ Isofix брзо местење на детско седиште
Hand rest w/box/ наслон за рака со фиока
Carpet footwell wraps/ патосници од теписон
Seat gunbox w/lock/ фиока со клуч под возачко седиште
Remote locking/ далечинско заклучување
Water based paint/ надворешна боја на водена основа
Steering wheel rake/reach adjustment/ подесување на волан

Сликици:




Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #1 на: 09 Јули 2016, 16:30:36 pm »
Odlicno, place za remap.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #2 на: 09 Јули 2016, 16:50:03 pm »
Odlicno, place za remap.
Ајдее почнавме: бандашче, спуштање и ремап..  ;D

Со здравје да се вози, зачуван примерок!  :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #3 на: 09 Јули 2016, 17:56:39 pm »
Стварно изгледа одлично!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #4 на: 09 Јули 2016, 17:58:55 pm »
Фино аутце, со здравје да те служи.
А спортски седишта пининфарина... пффф, ако се лажеме само ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #5 на: 09 Јули 2016, 20:28:31 pm »
Со среќа возење и наздравје сервис, да ти кажам само со тој каиш ребрастиот ако ти е гудјеар, макс 40к км ќе возиш, не се многу добри, поздрав.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #6 на: 10 Јули 2016, 10:16:40 am »
Фино аутце, со здравје да те служи.
А спортски седишта пининфарина... пффф, ако се лажеме само ;D
Така се водат и мене ми е нелогично :) уствари вакви се седиштата во сите стилца колку што знам

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #7 на: 10 Јули 2016, 10:23:36 am »
Има неколку варијанти, ама овие, истите и јас ги имам, прошле поред „спортски“ :D Ne se лоши, високи се, го опфаќаат добро грбот дури и за повисоки луѓе, ама страничната потпора во долниот дел на телото (газот и нозете посебно) е мизерија. Инаку, кожните се далеку подобри: http://s1.cdn.autoevolution.com/images/gallery/FIATStilo3Door-2458_3.jpg

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #8 на: 10 Јули 2016, 11:05:16 am »
БТВ колата ја имам повеќе години, од 11 месец 2012, со ребрастиот (прошлиот исто на Гудјиер) извозев 60к за 3 ипол години, со новиов да извозам исто супер би било. На ауто дизајн целата внатрешност ја води дека е фарина (Award for pininfarina ergonomic gear knob), мада и тоа не ми држи вода многу. А германскиот екстериер е по вина на Питер Фасбендер.
« Последно менување: 10 Јули 2016, 18:57:04 pm onedeaf »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #9 на: 10 Јули 2016, 15:23:22 pm »
Чекај, ако ја имаш 11-12 години, а е купена 2005 година од првиот газда, па кога ти си ја увезол од Италија?! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #10 на: 10 Јули 2016, 17:41:21 pm »
Haha, pa kolata e stara 11 God ako e 2005 ?

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Fiat Stilo 1.9 JTD 85kw
« Одговори #11 на: 10 Јули 2016, 18:56:18 pm »
печатна грешка сум испуштил „од“ 11.12, ќе си едитирам :)