Токму затоа напишав и
фактура. Фирмата и да нема малопродажба, на фактура може да купи и физичко лице со вирман. Јас сум купувал производи (од сосема друга природа) од фирма која нема малопродажба, ги платив вирмански, и ми ги дадоа, иако првично ми викаа „не работиме со физички лица, само преку фактура“. Во ред, реков, дај ми фактура, ја платив, и тоа е тоа. Ако нема малопродажба, тоа не значи дека не работат со физички лица.

Има зошто да го тупиме. По твојава логика, треба и гуми да земам од овластен сервис, и навлаки, и течност за стакло, и мириВче, и гориво да точам на нивна бензиска, и притисок во гуми да проверувам на нивни манометар, и баланисирање, и озвучување, и фолии, и дрн-дрн.
Збориме како би требало да биде, а не како е. Овластениот сервис ќе биде заштитен со тоа што јас ќе докажам со фискална сметка или фактура дека резервниот/ потрошниот дел е купен од овластен увозник/ дистрибутер/ продавач во земјата (доколку воопшто го има). На тој начин овластените сервиси нема да те дерат со цени, туку ќе стават поразумни цени (повисоки од овластениот увозник, но сепак со прифатлива разлика).