Коа сме кај причиве со гребанициве, мене пре 2-3 дена ми ја еб** од позади... и тоа иам мн интересна прича:
Се враќам накај 12/1 навачер дома, ја паркирам колава кај мене пред зграда, и приметив до мене паркирано едно волво с40 од постарите, бордо боја и можда едно 20 инчи бандаж.. И ми мавна мерак бандажот викам дај да ѕирнам шо - како е колава, (стварно јак бандаж држеше, многу добро и стоеше) и гледам внатре онакво миризливо картонче висше на ретровизорот, полициско. (кај една другарка татко и шо е полицаец исто такво има)... И си викам е браво за цајканчево, знае шо да одбере.. Си помислив, дај да ја сликнам колава да му ја покажам на едно другарче, има голем мерак за бандажчиња јаки, ама незнам шо ме спопадна не ја сликнав..
И така јас си станувам сабајлево да идам накај факс, и шо да видам, десната страна на задниот браник до пластика го одрал, партал го напраил... и сеа прво не ми текна, си викам ја сум ја закачил, можно ли е да не сум приметил, (а баш претходниот ден ја перев и нишо немаше), и коа да видам - шо да видам, таму кај шо не е до црна пластика, бордо линии - и тогаш ми светна сијаличката...
Нема кој друг освен тој што беше до мене паркиран вечерта... а да ја сликнев ќе имав регистрација и одма ќе го пријавев... ама ништо... И си мислам еее во каква држава живееме, полицаец на паркинг ме закачил, и си киднал без око да му трепне... па бар да напишел извини друже, жал ми е шо те закачив...
И така сеа барам некој шо може да ми ја најде фабричкава боја (на едно другарче му дадоа како у лак за нокти, боја напунета, коа ќе му притреба да корегира) за да ги покријам црните дупки, тоа бордото излезе со полир паста...