Автор Тема: Меѓународна Возачка Дозвола  (Прочитано 120305 пати)

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7001
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #525 на: 20 Август 2025, 08:13:45 am »
Дека треба да се има - треба.

Дека е исто така personal preference - така е. Секој си одговара за своите постапки.

Исто така факт е дека тешко ни е да се ставиме во ред, за било што. Факт.

Отсутен TDM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #526 на: 09 Јули 2026, 21:34:26 pm »
Здраво, имам меѓународна возачка дозвола извадена во 2022 г. и пишува дека е ИЗДАДЕНА НА 14.07.2022 и дека
ВАЖИ ДО 13.07.2027 година.
Тоа се 5 години.
А сега ги издаваат со важност од 3 години.

Дали ова со 5 години е валиден документ за Грција?

И зошто кај сите други е 3 години, а кај мене е 5?

Дали некој знае?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2891
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #527 на: 10 Јули 2026, 09:16:53 am »
Јас знам дека важат по 3 години, кај тебе згрешиле изгледа ама валидна ти е дозволата, те частеле 2 години важност  8)
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7359
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #528 на: 10 Јули 2026, 10:22:51 am »
Меѓународната е врзана со националната возачка, па ако си извадил со северна национална и не си ја сменал кога беше големото ура пред 2 години, терааа.  :D

Отсутен martin_golf5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #529 на: 24 Јули 2026, 17:50:15 pm »
Добро сума сумару, треба да се има мегународна дозвола или не за влез во Грција? Конкретно на граница дали бараат или не? Не е за парите ама зашо да ги фрлам ако нема потреба пошо за еден ден идам само.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6382
Одг: Меѓународна Возачка Дозвола
« Одговори #530 на: 24 Јули 2026, 18:12:14 pm »
Треба, за цена од гиро во порција нема да лежиш притвор за без возачка возење при некој удес. И ќе ти трае наредните влезови следните 729 дена.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html