@velestrumf @Luki Junior дали поседувате германска возачка, и каква е процедурата за добивање на истата? Чисто ме интересира како иде тој процес, зошто моментално сум во процес на менување на македонскава со латвиска возачка.
Јас имам германска возачка дозвола.
Процедурата е следнава:
Припрема:
- се пријавуваш во авто школа, ти отвараат акаунт за онлајн учење и вежбање.
- задолжителен очен преглед
- две биометриски фотографии
- задолжително посетување курс и полагање Прва Помош
- задолжителен овластен превод на македонската дозвола. Мојата беше преведена во АDAC.
Со оглед на тоа што не почнував од нула, онлајн акаунтот ми беше за учење и вежбање теорија. Имаш преку 1000 прашања кои треба да ги одговориш точно. Откако ќе ги одговориш сите, имаш припремни тестови за полагање (кои се истите како на вистинското полагање). Откако тука повеќе пати по ред ќе положиш, ќе те пријават да полагаш теорија (авто школата цело време го следи твојот прогрес онлајн).
Откако ќе положиш теорија, се возат неколку часови со кола, па се полага практично. Практичниот испит е отприлика после 2-3 недели од теоретскиот, зависи како ќе имаат слободен термин од TÜV. Јас извозев 4 часа, претежно низ град, пошто има многу заебанции на кои мора да внимава човек. Кога го положив и практичниот испит, уште истиот ден си ја подигнав германската дозвола.
Целата процедура траеше од 09.11 - 12.12.2016 и чинеше околу 820 евра.