Во слободно време за викенд... Има некој друг што вози, да направиме едно лоби? 
Што е воланот, и ако не те мрзи кажи некој збор баш. Гледав Logitech G27, али поима немам дали дава некое реално чувство, фидбек.
Воланот е Logitech G29 + G Shifter. Си имам направено кокпит што ми го држи воланот,педалите, менувачот и тв... Нешто повеќе би рекол дека не треба да се сфати озбилни бидејќи ова сепак е само играчка. Инаку да има Force Feedback и добра брза реакција на што и да се случува. Малку е чуден филингот, реално се ослонуваш на претпоставка која ја знаеш од реална кола. Овде не чустуваш кога ќе заигра газот, немаш осет колку е прекршена, не знаеш дали можеш да натепаш гас или да држиш на обртаи. Буквално дрифташ на претпоставка, не на осечај.
Ако возиш стази, доста добри сетапи може да се прават во играва и ги има сите стази исцртани во реални димензии. Многу тркачи ги користат дома за да усовршат брзина, apex во кривини, шикан итн... Ама само теоретски. Всушност си прават траса за во реалност да можат да изведат подобро време, инаку е комплетно различно возењето. Филинг нема никаков овде освен фидбек на воланот... Велат дека со Виртуал Реалити е многу подобро и по реално 200%. (Не сум пробал, не знам) Добро е што во играта е многу агресивно изведено Oversteer и Understeer па бара брза и точна реакција. Ама пак ќе кажам само играчка... што до сега на сите што седнале да возат им се допаднала. И тие што јадат најмногу гомна како е глупост, највише сакаат да седат по еден саат на неа коа ќе дојдат на гости хахах...
Јас немам скоро ич време за да возам, еднаш до два пати месечно по 1ч. Инаку е убаво да го имаш, посебно мали деца кога ќе ти идат на гости нема станување

....
ПС: Aко си заинтересиран за купување контактирај ме, кај мене секако малце е возен и најчесто фаќа прашина, би сакал некој да го извози барем да не стои така